Достапни линкови

Дебар – пример за соживот


Дебар е еден од градовите, пример за соживот и етничка толеранција . Етничките тензии кои беа и сеуште се јавуваат во одредени  населени места во земјава , во овој пограничен град на Македонија не се чуствуваат.

Со векови во Дебар имало и има соживот, а добрите етнички односи во мултиетнички односи во мултиетнички Дебар, позитивно се рефлиектираат и во училиштата. Во историјата на овој град не се паметат етнички проблеми во воспитно образовниот процес.

,,Односите меѓу учениците се на најдобро ниво. Така беше и јас кога бев ученик во оваа училиште а така е и сега,

вели директорот на оснвоното уцилиште ,,Браство Единство" Ресул Толуми. Тој додава дека мошне добри се односите и меѓу наставниот кадар.

,,Има случаи кога Македонци предаваат во албанските паралелки или пак кога Албанци предаваат во паралелките со настава на македонски јазик. Дебар е пример за добри меѓуетнички односи," оцеднува Толуми.

,,И покрај тоа што во иста смена учат ученици кои следат настава на македонски И албански јазик, не се регистрирани проблеми,"

истакнува помошник директорот на оваа дебарска деветолетка Фарис Бајрамовски. Бајрамовски подвлекува дека овде работи цели 38 години и до сега не забележал никаков проблем.

,,Од овој град сите можат да земааат пример за соживот. Кога во една смена има настава на македонски и албански воопште нема проблеми."

Африм Кочи е наставник кој има предавано често и во паралелките со настава на македонски јазик.

,,Нема проблеми и не гладам разлики меѓу учениците,"

вели Кочи и додава дека сожителството овде е примерно.

Ламбе Костовски е родител на дете кое учи во оваа дебарско училиште. Костовски подвлекува дека неговото дете никогаш немало проблеми со другите деца во училиштето.

,,Така беше кога учев и јас во оваа училиште"

вели Костовски.

,,Добрата клима на живеење, се рефлектира и во училиштата истакнува Костовски. Така убаво живееме И во нашата улица. Сите сме добри пријатели без разлика дали сме Македонци, Албанци или припадници на други нации,"

истакнува Косотвоски .


  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG