Достапни линкови

Поделбата на Косово опасна за целиот Балкан


Митровица
Митровица

Косово на повеќе од една година откако прогласи независност од Србија. Во Митровица протести на србите против изградбата нови куќи за албанците. Зошто етничките поделби и натаму продолжуваат?

Нема едноставен одговор на ова прашање, се согласија учесниците на неколку панел дискусии што деновиве се одржаа на Колумбија универзитетот во Њујорк. Панелистите со различни мислења особено околу начините како Приштина да се справи со српското мнозинско насление на северот на Косово кое и натаму им е лојално на властите во Белград. Некои од нив сугерираат дека федералниот систем би можело да помогне во стабилизирање на состојбата. Небојша Владисављевиќ, српски аналитичар, предлага модел сличен на Дејтонскиот договор со кој пред петнаесет години беше поделена власта меѓу босанските срби, хрватите и муслиманите во Босна и Херцеговина.

,,Ви требаат суштински територијални решенија, односно многу радикална територијална автономија за мнозинството кое е под закана за својата егзистенција. И секако ви треба и некаков вид на преклопување на суверенитетите. Затоа мислам дека босанскиот Дејтонски модел е прифатлив и за Косово.,,

Вели Владисављевиќ. Други пак, сметаат дека попрактично решение ќе биде поделба. Тоа повторно би го обединило северно Косово, каде што над девеесет насто се срби, со Белград. Со тоа другата територија ќе остане неспорна независна држава која би можело да ја признае дури и Србија. Но, Шинаси Рама, експерт од Косово оценува дека таквата поделба би можело да го дестабилизира целиот Балкан кој, по распаѓањето на поранешна Југославија, и натаму е зафатен со етнички делби.
Француски војници ја надгледуваат Митровица


,,Србите на Косово се целосно финансирани и структурно организирани од Белград. Српската елита ги раководи и на локално ниво на Косово.,,

Освен со етнички тензии Косово е зафатено и со голема сиромаштија. Невработеноста е скоро четириесет и пет проценти, а во пораст се убиствата, криминалот, корупцијата. Од друга страна, многу албанци се жалат поради тоа што србите воопшто не плаќаат за потрошената електрична енергија или пак поради тоа што србите кои се вработени во косовската полиција примале плата и покрај тоа што не одат на работа. Ваквите примери, според социологот Ана ди Лелио која неколку години работеше како консултат на Обединетите нации на Косово, се опасни:

,,Ако малцинството не е среќно, ние би можело да го решиме тој проблем. Но, доколку мнозинството не е среќно, тоа станува опасно за малцинството.,,

Вели Ана ди Лелио, додавајќи дека секој вид на привилегија, поттикнува недоверба и кај двете страни спрема централната власт во Приштина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG