Достапни линкови

СДСМ мора да нуди алтернативи


Партиската конвенција на СДСМ пред локалните и претседателските избори
Партиската конвенција на СДСМ пред локалните и претседателските избори

СДСМ е во нокаут по изборниот пораз и во очекување на враќањето на Бранко Црвенковски на лидерската позиција. Експертите велат дека опозицијата мора да нуди алтернативни решенија за опоравување

Спуштање меѓу народот и барање сојузници во сите што не се задоволни од нискиот стандард, а не гледаат дека власта нуди решение, најавуваат Социјалдемократите. Пратеникот Андреј Петров од СДСМ вели дека во остварувањето на таа цел очекува, на политичката сцена, да се вратат и подзаборавените партиски кадри.
СДСМ доколку сака да биде сериозна опозиција мора да парира со квалитетни програми, алтернативни решенија, предлози во сите сегменти во нашето општество


„Во партијата секогаш треба да има свежа крв, треба да има прилив на нови луѓе. Но, партијата не може да ги заборави старите борци кои се маргинализирани.“

Професор Јове Кекеновски вели дека ако сака да се врати на политичката сцена како силна опозиција, која претендира на власта, СДСМ мора да понуди алтернатива.

„СДСМ доколку сака да биде сериозна опозиција мора да парира со квалитетни програми, алтернативни решенија, предлози во сите сегменти во нашето општество.“

Шансата на социјалдемократите Кекеновски ја гледа во лошата економска политика на владата.

„Доколку сака да биде сериозна опозиција мора да излезе со сериозна економска програма, која со ВМРО ДПМНЕ сега отсуствува. Таму има куп проекти, но нема економска програма како може да излеземе од кризата.“

Социјалдемократите најавија дека, на 24 мај, Бранко Црвенковски повторно се враќа на чело на партијата. Кога пред 5 години
Што ново има да понуди Бранко Црвенковски е веќе прашање. Тој е виден на сите можни позиции на политичката сцена. Но, не видовме ништо, не верувам дека тој како лидер може да понуди поконкретно
поранешниот лидер на СДСМ Црвенковски седна во претседателската фотелја, остави силна владејачка партија со 38 пратеници во Парламентот, а сега затекнува сосема поинаква слика. Во изминатите 5 години СДСМ смени двајца претседатели, за да заврши со в.д. лидер, како преодна фаза до враќањето на Црвенковски. Кекеновски вели дека Црвенковски може да придобие повеќе гласачи, но се сомнева дека може да го победи ВМРО-ДПМНЕ.

„Што ново има да понуди Бранко Црвенковски е веќе прашање. Тој е виден на сите можни позиции на политичката сцена. Но, не видовме ништо, не верувам дека тој како лидер може да понуди поконкретно.“

Од друга страна, Андреј Петров вели дека Црвенковски ги има оние лидерски каракеристики кои им недостигале на СДСМ во изминатиот период.

„Предиспозициите за лидер не може да ги има секој. Лидерството подразбира и нешто друго и ретко кој го поседува, не е така едноставна работа.“
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG