Достапни линкови

Зголемен криминал во Македонија!?


Оружје
Оружје
Убиства, грабежи и вооружени престрелки во сред бел ден. Секојдневните немири сеж почесто ја потреуваат македонската јавност а полицијата интервенира, трага по виновниците и работи на случаите. Сепак, се поставува прашањето зошто во последно време се зачестуваат немирите во земјава и зошто се зголемува присуството на огнено оружје меѓу населението? Претседателот на Невладината организација „Цивил“ Џабир Дерала вели дека насилството се зачестува поради влошената социо-економска состојба на населението.

„Има многу очајници кои што се или рецидивисти од криминални дела, или пак се невработени или учествувале во најразлични настани во поблиското или подалечното минато како што се воени или други дејства, кои што оставила длабока трага како врз нив, така и врз нивните семејства и поблиска околина. Вие имате Рамбо во секое мало.“

За решавање на овој проблем, Дерала смета дека не треба да се инволвира само полицијата:

„Да се пријде кон овој проблем безбедност, човекови права, правда, владеење на закон... На еден мултидисциплинарен начин, со повеќе методи и учество на повеќе институции на власта.“

Професорот Владимир Пивоваров вели дека мошне сериозен проблем е илегалното оружје. Тој вели дека многу пешадиско наоружување кое недостасува од немирите во Албанија, завршило во регионот.

„После завршувањето на немирите во Албанија, тоа оружје заврши во регионот, значи Косово, Македонија, Црна Гора, дел во Грција и тоа беа некаде околу 800-900 илјади парчина нелегално пешадиско оружје.“

Пивоваров предупредува дека нелегалното оружје може да предизвика посериозни немири од грабежи на банки:

„Тоа може да биде употребено за многу порадикални мерки, како уривање на системот, насилно уривање на уставниот поредок во една држава. Значи проблемот не е само во грабежите туку може да го разгледуваме многу пошироко, кое што може да го загрози, да речеме, опстојувањето на една држава.“

И Пивоваров и Дерала апелираат на нова акција за собирање на нелегалнорто оружје.
XS
SM
MD
LG