Достапни линкови

До крајот на годината без визи во Европа


Шенген виза
Шенген виза
Македонија ќе добие визна либерализација до крајот на годината, уверува вицепремиерот Ивица Боцевски и покрај различните ставови на земјите члеки на Унијата во поглед на ова прашање. Иако вчера осум земји членки упатија барање до Европаката Комисија за
За сите земји од ЕУ е јасно дека шенгенскиот ѕид е бариера којашто час поскоро треба да си замине, и ние и натаму ќе продолжиме со нашето интензивно лобирање на сите полиња
симнување на шенгенската бариера за земјите од западен Балкан, европратеничката Анџелика Беер, Германија нема да донесе позитивна одлука околу визната либерализација за Македонија. Сепак, според Боцевски исполнувањето на критериумите од наша страна биле признание кое како што вели, никој не може да ни го одземе.

,,За сите земји од ЕУ е јасно дека шенгенскиот ѕид е бариера којашто час поскоро треба да си замине, и ние и натаму ќе продолжиме со нашето интензивно лобирање на сите полиња."

И од македонското министерство за надворешени работи велат дека Македонија постигнала најголерм напредок во сппроведувањето на реформите во однос на останатите земји од Западен Балкан. Оттаму до крајот на мај очекуваат позитивен извештај од Европската Комисија за степенот на подготвеност на земјата да биде префрленела на такачанерчената бела шенген листа.

Прашањето за визна либерализација според упатените не треба да се разгледува како пакет на земјите од Западен Балкан. Според аналитичарот Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики, вбројувањето на Македонија во пакетот од Западен Балкан би можело да ја врати земјава назад. Сепак според Костовска пореални се шансите Македонија да добие визна либерализација
Македонија ќе добие либерализација, тоа е сигурно. Сега треба владата да работи клучните прашања што ги има државата околу името и имплементацијата на Охридскиот договор
наредната година.

,,Прашање е колку може да се очекува да се истурка оваа година, имајќи предвид дека ЕУ е исправена пред неколку предизвици. Не треба да се заборават изборите за Европскиот парламент и мислењето на Европската комисија дека можеби треба да се почека референдумот во Ирска пред да се состави новата комисија."

Проф. Илбер Сеља од Штуловиот Универзитет пак е оптимист дека до крајот на годината македонските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа.

,,Македонија ќе добие либерализација, тоа е сигурно. Сега треба владата да работи клучните прашања што ги има државата околу името и имплементацијата на Охридскиот договор."

Македонските власти очекуваат дека Европската комисија ќе донесе одлука која ќе се базира на остварувањето на поставените услови од патоказот за визна либерализација.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG