Достапни линкови

САД да му помогнат на Западен Балкан на патот кон ЕУ


Педи Ешдаун, поранешен висок претставник во БиХ
Педи Ешдаун, поранешен висок претставник во БиХ

Деновиве во американскиот Хелсиншки комитет, беше одржана панел дискусија со заклучок дека Соединетите држави мора да ја обноват заложба за помош на Западен Балкан на патот до Европската унија.

Лорд Педи Ешдаун кој пред три години беше висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина од американскиот Конгрес побара политичка поддршка на напорите на таа земја да и се приклучи на Европската унија:

,,Тоа е она што сите го сакаат. Без оглед на нивната етничка припадност или на нивните политички гледишта. Низ Западен Балкан членството во Унијата го сакаат сите. Мислам дека е многу важно тој лост да го употребиме поефикасно,,.

Ешдуан смета дека Дејтонските договори со кои заврши војната во Босна беа вистинската рамка за стабилизирање на ситуацијата во таа земја во изминативе десет години. Но, последните три години, според него, како да се оди во спротивен правец.

,,Има елементи, најмногу во Република Српска кои би сакале дури да се откажат од реформите за државноста која веќе е етаблирана,,.

И покрај гласовите дека паравоени групи почнале да се вооружуваат, Ешдаун не верува дека Босна е во опасност од враќање на
Во Западен Балкан, без оглед на етничката припадност или на политичките гледишта ,членството во Европската унија го сакаат сите.
конфликтот. Мирот во Босна е кревок, но опасноста која навистина се заканува е таа земја да стане нов Кипар, вели тој.

,,Поделена, нефункционална, црна дупка, со голема корупција. Токму поради тоа не можеме да ја оставиме сама, бидејќи како таква е премногу дестабилизирачка. Тука е опасноста,,.

Ешдаун со апел до Соединетите држави да го употребат своето влијание да ја поттурнат Европската унија која, како што вели, страда од недостиг на цел на Балканот. На панел дискусијата во американскиот Хелсиншки комитет беше заклучено дека политиката на европеизација на Западен Балкан нема да биде успешна без поголема американска помош. Особено, како што беше наведено, по пречките на кои наидуваат земјите во регионот на нивниот пат кон НАТО и Европската унија, поради глобалната економска криза и неможноста да се дојде до целосна ратификација на Лисабонскиот договор кој води кон поцврсто институционално поврзување на Унијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG