Достапни линкови

Партиите оптимисти за мирни избори


Избори
Избори

Вечерва на полноќ започнува изборниот молк. Партиите очекуваат изборите да поминат во мирна атмосфера.

Пред истекот на изборната кампања, политичките партии се оптимисти дека вториот круг ќе помине во мирна атмосфера и ќе им ја донесе саканата победа. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека воделе кампања посветена на интересите и потребите на граѓаните. Токму затоа велат оттаму, се надеваме на нивната поддршка.

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов
,,Гласовите во Република Македонија не се приватна сопственост и не се пакети гласови на ниту една партија и политичар,"

вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

И опозицијата очекува поддршка од повеќето граѓани. Ве де лидерот на Социјалдемократскиот Сојуз, Зоран Заев вели дека надежта ја
Пристапот на кандидатите беше ,,Знам те пушко кад си пиштољ била". И не случајно го кажувам во изворна форма ова, затоа што во некои други години во соседството видовме дека тој пристап само придонесува да се зголеми апатијата кај гласачите
базираат на изборните програми на кандидатите и нивните визии за подобра иднина.

,;Очекуваме дека најголем дел од гласовите коишто отидоа за другите кандидати за претседател и градоначалници ќе бидат насочени кон нашите кандидати."

Од Демократската Унија за интеграција се задоволни од начинот на кој се водела кампањата од страна на сите политички партии:

,,Ние преземавме се да го едуцираме нашето членство да имаме фер и демократски избори и очекуваме и вториот круг да помине без инциденти,"

вели Рафиз Алити од Дуи

И за Либерално демократската партија кампањата ветува фер избори во недела. Но она во што се сомневаат е можноста да не биде исполнет потребниот цензус.

,
Претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски
,Можеме да очекуваме мирни избори, не очекувам инциденти, но прашањето за цензусот е отворено,"

изјави Андреј Жерновски од ЛДП

Од Нова демократија велат дека во овие две недели не видовме агресивна кампања. О д оваа партија се надеваат дека вториот круг ќе помине без нерагуларности кои според нив биле забележани во првиот круг.

,,Направени се многу работи, феноменот купување гласови предизвикува негативна појава во политичкото општество во Македонија."

Вели Аријанит Хоџа од Нова Демократија.

За политичките аналитичари пак кампањата поминала без да се искористи шанста од страна на кандидатите да ги прецизираат своите идеи, стратегии и визии за многу прашања.

,,Нивниот пристап беше Знам те пушко кад си пиштољ била. И не случајно го кажувам во изворна форма ова, затоа што во некои други години во соседството видовме дека тој пристап само придонесува да се зголеми апатијата кај гласачите."

оценува аналитичарот Суат Мисини.

Вечер на полноќ започнува изборниот молк. Во недела ќе се одржи вториот круг на изборите, кога се очекува македонските граѓани да гио изберат идниот претседател и градоначалник во преостанатата 51 општина и градот Скопје.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG