Достапни линкови

Фер избори предуслов за преговори со ЕУ


Гласачи
Гласачи

Меѓународните претставници апелираат за фер избори во вториот круг. Аналитичарите во изјавите препознаваат загриженост по случувањата на скопскиот плоштад. Според нив, изборите се предуслов за преговори, но осумте услови на ЕУ остануваат

Одржувањето на фер и демократски избори е клучен предуслов за европската иднина на Македонија, потенцираат експертите и странските претставници во земјава.

Апелите за одржување на мирен втор круг гласање без инциденти пристигаат од секаде. Фер и демократско гласање беше тема на
И повторно повикувам луѓето посебно да внимаваат на групното и семејното гласање што беше случај во првиот круг. Тоа е нерегуларност која не смее да се дозволи
вчерашната лидерска средба, а апели за примерно гласање пристигаат и од амбасадсите. Американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер препорачува повотрување на успехот од првиот изборен круг.

„И повторно повикувам луѓето посебно да внимаваат на групното и семејното гласање што беше случај во првиот круг. Тоа е нерегуларност која не смее да се дозволи.“

Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен
Европкомесарот Оли Рен потенцираше дека одржувањето на фер и демократски избори ќе биде клучно за препораката за отпочнување на преговори со ЕУ до крајот на годината. За Рен, спорот со името е билатерален и може да се реши во духот на добрососедската политика.
За политиколозите изјавата на Рен можеби е мотивирана од страв од инциденти. Според политикологот Гордан Георгиев, странската заедница е загрижена од инцидентите кои се случија во изминативе неколку дена

„Значи, вчерашната изјава на Оли Рен, којашто беше многу политичка изјава и важна за Македонија мислам дека беше одраз на веројатно нивната проценка дека може да има потенцијални тензии за време на вториот круг на изборите, а тоа се темели на настаните
Изјавата на Оли Рен беше одраз на нивната проценка дека може да има потенцијални тензии за време на вториот круг на изборите, а тоа се темели на настаните кои се случија на Плоштадот, што очигледно го сметаат за политички настан
кои се случија на Плоштадот, што очигледно го сметаат за политички настан.“

Но дали одржувањето на избори карактеристични за примерна демократија се единствениот предуслов за отворање на европските врати за Македонија? Георгиев вели дека изборите не се „бенчмарк“, туку предуслов:

„Датум ќе добиеме заради исполнување на осумте критериуми. Изборите, тоа е многу јасно, не се бенчмарк, тие не се услов, туку предуслов. Тоа воопшто нема врска со осумте критериуми.“

Освен загриженост за можни инциденти, се актуелизира и стравот за цензусот. За премиерот Никола Груевски, цензусот не би требало да претставува проблем

„Повикувам и апелирам на масовно гласање. Фер, демократско и мирно гласање во вториот круг.“

Што ќе се случи во хипотетичка ситуација на недостаток на цензус во вториот круг гласање одговара портпаролот на Државната изборна комисија Зоран Таневски:

„Во тој случај се повторува постапката за избор на претседател на државата, односно се повторуваат изборите.“

Експертите и лидерите на политичките партии се надеваат дека излезноста на следните избори нема да биде проблем.
XS
SM
MD
LG