Достапни линкови

Извлечените поуки причина за фер избори


Шефот на мисијата на ОБСЕ Хозе Луис Хереро на избирачко место во Тетово
Шефот на мисијата на ОБСЕ Хозе Луис Хереро на избирачко место во Тетово

Според експертите, мирните избори се резултат на напорите на владата и другите релевантни институции, како и сигналите од меѓународниот фактор дека мирни избори се обврзувачки

Изборите во првиот круг беа регуларни од причина што сите субјекти кои учествуваат во политичкиот процес извлекоа поуки од минатите избори и од консеквенците кои доѓаат. За да се овозможат безбедни, слободни и фер услови и во вториот изборен круг на 5
Имаше едно големо разочарување од страна на јавноста и ЕУ и зошто ни се случи тоа што ни се случи во јуни. Мислам дека овој пат максимално се вложија сите напори истите работи да не се повторат и затоа имавме мирни избори
април пресудни ќе бидат реториката на политичките партии која следи во наредниот период, напорите на владата и на другите релевантни иснтитуции, но и ангажираноста на претставниците на меѓународниот фактор кој играше битна улога и најави дека мирни избори се обврзувачки за нас за да продолжиме по патот кон Европскаат Унија и НАТО, вели Илија Талев од Центарот за истражување и креиарање политики

„Имаше едно големо разочарување од страна на јавноста и ЕУ и зошто ни се случи тоа што ни се случи во јуни. Мислам дека овој пат максимално се вложија сите напори истите работи да не се повторат и затоа имавме мирни избори. Не верувам дека Македонија созреа политички во последните осум месеци, но барем во делот на изборите имавме што да научиме.“

Пред осум месеци на предвремените парламентарни избори имаше големо разочарување во меѓународната заедница од тоа што ни се случуваше во јуни кога имаше насислства па дури И жртви. Политичките партии поучени од тие консеквенции се подготвуваат да бидата уредни на изборите вели професорот Владо Поповски:

„Се очекува во периодот што останува до изборите политичките партии да не го остават процесот на уредност, на еден спонтан процес, туку треба, и се надевам дека тоа ќе го направат во сите моменти од нивниот јавен настап да инсистираат на уредност на
Знаете што се случуваше порано, некои правеше инциденти, а некои политички структури гарантираа дека тие нема да одговараат за тоа.
изборите.“

Македонија имаше мирни избори во 90 те години од 94 та година имавме период на немирни избори а жрвта имаше во 99 та во Кондово. Според Алберт Муслиу Инцидентите не ги прввеше дрѓавта но оставала простор да се сл;у;уваат. Тоа е затворен циклус Ако една партија има такви структури И другата партија з ада преЃивее мора да направи такви структури И ние влеговме во едн затворен круг, анализира Мусли.

„Знаете што се случуваше порано, некои правеше инциденти, а некои политички структури гарантираа дека тие нема да одговараат за тоа. Така што, ако државата покаже подготвеност тие што го нарушуваат изборниот процес да одговараат за тоа, сигурен сум дека тие структури нема да ги нарушуваат процесите, затоа што ќе се оди во затвор.“

Експертите не очекуваат да се оди против правилата на изборите на 5 април, бидејќи тоа ќе значи собирање големи негативни поени од страна на гласачкото тело и меѓународниот фактор.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG