Достапни линкови

Македонија во НАТО откако ќе најде компромис со Грција за името


Американскиот генерал Џон Кредок во Сенатот
Американскиот генерал Џон Кредок во Сенатот

Очекуваме Македонија да влезе во НАТО кога ќе биде постигнат договор со Грција за името, изјави врховниот командант на Алијансата во Европа, генерал Џон Кредок пред Воениот комитет на Сенатот.


Врховниот командант на НАТО во Европа генерал Џон Кредок на сослушувањето пред Воениот комитет на американскиот Сенат, меѓу другото, се осврна и врз натамошното проширување на Алијансата. Одговорајќи на прашањето дали има земји кои би можеле да му се приклучат на НАТО во наредниве дваесет и четири месеци Кредок изјави:

,,Токму сега очекуваме на НАТО самитот да дојде до проширување со уште две земји, Албанија и Хрватска. Тие беа поканети да му се придружат на НАТО,,.

Изјави генерал Кредок, додавајќи дека се очекува тоа и да биде завршено на претстојниот самит со што, како што рече, Алијансата ќе има дваесет и осум членки.

,,Македонија беше поканета. Постои прашање за името на земјата со Грција. Тие сега работат на тоа, но немаат постигнато компромис. Очекуваме кога ќе биде постигнат договор за името меѓу двете земји Македонија да стане членка. Со тоа ќе бидеме дваесет и
Македонија беше поканета. Постои прашање за името на земјата со Грција. Тие сега работат на тоа, но немаат постигнато компромис.
девет,,.

Генерал Кредок наведе дека уште неколку земји се влезени во Акционата програма за членство, но оти за неа е потребно многу време, со оглед на тоа што е неопходно да се постигнат условите и реформите во секторот на безбедноста. ,,Се работи на различни нивоа и мислам дека неколку земји во претстојните години ќе сакаат да продолжат да ги постигнат потребните трансформации за да аплицираат за членство во НАТО,, изјави американскиот генерал Џон Кредок на обраќањето во ресорниот сенатски комитет. Засега тој, како што рече, не знае дека некоја земја членка размислува да ја напушти Алијансата. Говорејќи за односите на НАТО со Русија генерал Кредок изјави дека таа земја имала намера да ги поткопува западните институции. ,,Минатогодишната воена интервенција во Грузија и прекинот на снабдувањето со гас на Европа покажаа дека цел на Москва е да ја ослаби европската соработка и да го намали американското влијание,, рече генерал Кредок, оценувајќи дека односите меѓу Москва и НАТО во наредните години ќе бидат најзатегнати од завршувањето на Студената војна. Тој се осврна и врз мисијата на НАТО во Авганистан при што изјави дека некои членки на Алијансата имаат капацитети за да испратат повеќе војници, но оти тоа не го правеле поради политички причини.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG