Достапни линкови

Злоупотреба на лични податоци на Интернет


Интернет корисници
Интернет корисници

Младите секојдневно оставаат лични податоци на Интернет, кои лесно може да бидат злоупотребени. Тие велат дека знаат за опасностите, но сепак продолжуваат со употреба на сајтовите

Оставајќи секојдневно свои слики, контакти и лични податоци на разните Интернет сајтови , младите можат да станат потенцијални жртви на злоупотреби. На ова предупредуваат експертите, но и самите жртви. Приказните како од земјава, така и од странство зборуваат за најразлични злоупотреби. Средношколец се допишувал со девојка, кој подоцна излегло дека е возрасен маж. Една девојка се изненадила кога видела свои разголените фотографии на познатите интернет профили.А често се случива и некој да ја „пробие “
Оставаме слики и информации на фејсбук, хај фајв и слично. Сите го користат
тајната лозинка и да вметни погрешни податоци на профилот, кои подоцна можат да имаат лоши последици врз угледот на младиот човек. и на целото негово семејство. Ова се само дел од приказните. Младите велат дека се запознаени од опасностите кои можат да произлезат од оставањето на лични податоци на Интернет, но сепак и понатаму ги оставаат своите податоци:

„Оставаме слики и информации на фејсбук, хај фајв и слично. Сите го користат.“

Тие додаваат дека понекогаш наставниците им зборуваат за евентуалната опасност, но сите се согласуват дека се потребни трибини и работилници на кои ќе им се објасни на кој начин можат безбедно да користат Интернет.
Од македонската Дирекција за заштита на личните податоци укажуваат на тоа , младите да бидат посебно внимателни кога ги оставаат своите лични податоци на сајтови кои се странски, затоа што тогаш нивната улога е многу мала и понекогаш неможат ништо да направат:

„Да се размислува безбедно, да бидат информирано пред да се направи било каков онлајн избор, бидејќи Интернетот не заборава и она што еднаш ќе биде објавено, засекогаш останува,“

вели Елена Стојановска од Дирекцијата за лични податоци. Со новите измени на Законот кои стапија на сила од 28 февруари, казните за злоупотреба на личните податоци се движат од 500 до 4.000 евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG