Достапни линкови

Кампањата за власта е коректна, за опозицијата не е


Скопје
Скопје
Поделени се оценките на политичките актери за тоа како поминува кампањата за претседателските и локалните избори. Досегашниот тек на кампањата партиите од власта го оценуваат како коректен.

,,Она што можеби отсустува е програма од одредени политички партии и некои претседателски кандидати за тоа што после изборите.,,

изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ
И Рафиз Алити од Демократската Унија за интеграција вели дека кампањата ветува одржување на фер и демократски избори.
"Па мислам дека нешто посериозно досега не се случува, така што нормално е во текот на кампањата секоја политичка партија да се ангажира, така што сметам дека се е во нормала.,,


За разлика од партиите на власта, опозиционите партии сметаат дека кампањата не е поразлична од она што досега сме го виделе. Власта е нервозна и излегува од контрола, вели Цветанка Иванова од СДСМ. Таа очекува дека остатокот од кампањата ќе биде проследен со поостра реторика, но се надева дека таа ќе заврши мирно.

"Учестувам скоро на сите наши митинзи и средби и има голема посетеност од страна на наши членови, симпатизери итн. иако ВМРО ДПМНЕ врши притисок врз луѓето.,,

И Либерално демократската партија има забелешки на начинот на кој се води оваа кампања. Од оваа партија очекуваат во последната недела да се смират тензииите меѓу кандидатите и истите достоинствено да се претстават пред граѓаните.

,,Имаме одредени навреди од кандидатите, што особено не доликува од кандидати за претседател на државата и мислам дека во иднина ке треба повеке да се посветиме на проектите за граѓаните, отколку на меѓусебни омаловажувања и навреди.,,

вели Роза Кареска Топузова од ЛДП. Очекуваме фер и демократски избори иако барем засега се соочуваме со многу неправилности, велат од Нова Демократија.

,,Пропагандниот материјал на нашата партија се кине, исто така од страна на владата, односно неколку ресорни министерства кои ги води ДУИ, секој ден и се повеќе поставуваат камен темелници и почнуваат проекти кои што се забранети во време на кампања."

Вели Аријанит Хоџа од оваа партија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG