Достапни линкови

Охридски изборни ветувања


Охридско Езеро
Охридско Езеро
Охриѓани во пресрет на локалните избори, од новата градска власт не бараат нови вработувања и решавање на економските проблеми, знаејќи дека тука нема многу простор за делување на градските татковци. Туристички центар како Охрид, според нив не може да се замисли без базен, театар и културна понуда преку целата година, но и без добра инфраструктура :

„Основно и неопходно кино што функционира постојано и театар со редовен театарски репертоар, библиотека, барем онаква каква што имавме последните 50 години, базен затворен отворен, и тоа го имавме порано и зачувување на сите вредности, односно враќање но не селективно враќање на вредностите што го прават овој град на Унеско, инаку ќе се претвориме во "Нушуќева паланка од 19 век"“

„Ги искршивме колите поради лошите патиштата и во градов, на периферијата и во околните населби. Пред се што треба да се направи е да се поправат патиштата, па потоа да се расфрлаат парите за други активности“

велат граѓаните.

Шестмината кандидати пак за градоначалничката фотеља нудат се и сешто, од Охрид со елитни светски хотели, осмислена градежна и урбанистичка експанзија, решавање на елементарните потреби на граѓаните, но и еколошките проблеми, нова индустриска зона, нов градски пазар, топлификација, езерска марина, зимско-рекреативен центар на Галичица, но и Охрид како главен град на Државата.

„Задолжително треба да има голф игралиште, хелиодром, да има аква парк, со што би се продолжила туристичката сезона. Но најважно според мене, е дека во овој период ние треба најмногу да вложуваме во инфраструктурата и градежништвото“

вели актуелниот градоначалник на Охрид Александар Петрески, кој бара уште еден мандат кандидидиран од неговата СДСМ.

„Да ја ставиме општинската администрација во функција, електронска општина во вистинското значење на зборот. Втората работа е максимално влијание на развојот на туризмот. Охрид има прекрасни компаративни вредности како центар на овој регион, да привлечеме гости и да ја прошириме туристичката сезона да не е само 40 дена во годината. Аспектите се летен туризам, конгресен туризам, спортски туризам, здравствено-рехабилитационен, па и зимски туризам“

Вели Кирил Трендафилов Нанче, кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните велат дека најубави се ветувањата пред локалните избори, но и дека тие и гостите треба да уживаат во нивната реализација во следните четири, но и многу години натаму.
XS
SM
MD
LG