Достапни линкови

Поддршка за Македонија од Европскиот парламент


Европскиот парламент во Стразбур
Европскиот парламент во Стразбур
Резолуцијата на Европскиот парламент е голема поддршка за Македонија, иако формално правно гледано, одлуката на парламентот нема
Што се однесува до датумот за преговори тука нашата одговорност е многу голема, затоа што се однесува за деликатно прашање, па било каква, дури и најситна забелешка што се однесува на изборите, може да и даде на комисијата за право уште еднаш да го одложи датумот, бидејќи во основа овој момент ЕУ нема инструмент со кој ќе ја скроти Грција
обврзувачки карактер за Европската комисија, коментираат дел од експертите.

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека релозуцијата значи поголема одговорност за Македонија да спроведе фер и демократски избори без никакви неправилности.
Чашуле смета дека оваа одлука придонесува, Македонија побрзо да добие укинување на визите за патување во Европската Унија.

,,Што се однесува до датумот за преговори тука нашата одговорност е многу голема, затоа што се однесува за деликатно прашање, па било каква, дури и најситна забелешка што се однесува на изборите, може да и даде на комисијата за право уште еднаш да го одложи датумот, бидејќи во основа овој момент ЕУ нема инструмент со кој ќе ја скроти Грција."

Чашуле смета дека проблемите меѓу Грција и Македонија и меѓу Словенија и Хрватска ќе доведат до тоа, Европската Унија да го преиспита правото на членките да ги блокираат земјите кандидати поради билатерални проблеми.

Од друга страна, професор Јана Лозановска посочува дека Грција има јасен став дека ќе го блокира Македонското членство во Европската унија и во НАТО, се додека не се реши спорот за името. Таа вели дека резолуцујата нема многу да ја промени таа состојба.
Лозановска вели дека Македонија нема долго време да излезе од овие замки.

,,Мислам дека нашата научна јавност треба да почне да се занимава со институционалното право на сите овие организации. Затоа што од сето ова произлегува дека спорот не е билатерален, како што се посочуваше од нашите официјални претставници, туку мултилатерален."

Со 478 гласови за и 92 против, Европскиот парламент, вчера, ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија. Во резолуцијата, посебно е истакнато значењето од организирањето фер и демократски избори од кои ќе зависи датумот за преговори. Во резолуцијата се критикува и притисокот кој се врши врз медиумите од страна на Владата, посебно за време на предизборната кампања.
Европратениците уште еднаш побараа да се забрза процесот со кој на Македонија ќе и се даде датум почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG