Достапни линкови

Безбедносната состојба стабилна


Набљудувачи на ОБСЕ
Набљудувачи на ОБСЕ

По вчерашниот инцидент во косовското село Шилово, безбедносната ситуација е стабилна информира МВР. Експертите не очекуваат безбедносни ризици од поголеми размери.

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, а ситуацијата будно се следи. Не се забележани поголеми раздвижувања на граничниот премин кон Косово, информираат од министерството за внатрешни работи откако во вчерашните судири меѓу жителите на селото
Економијата е стожерот на сите безбедносни проблеми
Шилово и косовската полиција беа повредени околу 50 лица.

Според домашната експертска јавност се работи за безбедносен проблем кој е предизвикан од економското незадоволство на одредена група граѓани, но тоа не ја исклучува можноста да ескалира и пошироко.

„Прв и основен ризик е економијата, кога немате економија, доаѓа национализмот, доаѓа општ криминал, доаѓаат специфичните видови криминал. Царува организираниот криминал, распад на системот. Економијата е стожерот на сите безбедносни проблеми.“

Досегашното искуство покажало дека на Балканот се е можно, но тешко дека инцидент од овој карактер би можел да предизвика безбедносни ризици од поголем размер и да се прелее на наша територија, вели аналитичарот Алберт Муслиу.

„Се согласувам дека изборите се чувствителен период, но мислам дека политичарите станаа посвесни за последиците кои тоа би ги донело, и мислам дека ако се планираат инциденти, себично се чуваат тие моменти да не се потрошат предвреме.“

Аналитичарите предупредуваат дека надлежните органи мора постојано да ја следат ситауцијата и навреме да ги преземат потребните
Се согласувам дека изборите се чувствителен период, но мислам дека политичарите станаа посвесни за последиците кои тоа би ги донело
мерки за заштита од евентуални инциденти.

„Веќе треба да се загрижат структурите во регионот, затоа што се јавува еден голем проблем. Такви проблеми има во Албанија, ги има и кај нас, и на Косово. Значи, секаде каде што не плаќаат, тоа го покажува безбедносниот ризик како последица од економската криза. Тоа е она што сега го чувствуваме.“

Во вчерашните протести на жителите на селото Шилово, кои го блокираа патот Гнилање-Бујановац поради тоа што повеќе дена немаат електрична енергија беа повредени околу 50 Срби.Во инцидентите во кои беа повредени и петмина полицајци, биле приведени најмалку тројца од Србите што протестирале.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG