Достапни линкови

Реални разлики во програмите на кандидатите


Претседателските кандидати на заеднички појадок
Претседателските кандидати на заеднички појадок

По една недела од кампањата за изборите во Македонија, експертите идентификуваат реални програмски разлики меѓу кандидатите на претседателските избори и очекуваат кампањата да се заостри.

Сероизните програмски разлики во однос на решавањето на проблемот со името и зачленувањето на Македонија во Европската унија и во НАТО ја обележаа првата недела од кампањата за претседателските избори, коментираат аналитичарите.
Експертот за политички маркетинг Петар Арсовски вели дека Македонија за прв пат се соочува со реално различни програмски
За прв пат се соочуваме со реално различни програмски определби. Јас очекувам кампањата да се заостри, а да прејде и во негативна кампања во текот на изборите
определби на кандидатите на двата најголеми политички блока.

„До сега, програмските определеби на кандидатите без слични, а сега се различни. Значи, за прв пат се соочуваме со реално различни програмски определби. Јас очекувам кампањата да се заостри, а да прејде и во негативна кампања во текот на изборите.“

Професор Мерсел Биљали вели дека со оглед на разликите во политичките ставови на кандидатите очекувал конструктивна дебата и соочување на програмите на кандидатите. Според него претендентите за претседател не нудат конкретни програми и решенија за спорот со Грција, кој се наметна како главна тема во претседателската кампања. Наспроти тоа, вели тој, се соочуваме со негативна кампања и обвинувања на сметка на политичките противници. Биљали смета дека во понатамошниот тек на кампањата нема да има битни поместувања и кампањата ќе заврши во ист стил како што почна.

„За жал, сеуште не можеме да се ослободиме од минатото, така што кампањата повеќе наликува на инсинуации, напад од другата страна, кои граѓаните не ги стимулираат да излезат на гласање, туку ги заморуваат. Граѓаните сакаат да слушаат конкретни работи што кандидатите би ги направиле.“

Тој има исто мислење и за кампањата за локалните избори. Арсовски, пак, смета дека најголемите битки за локалната власт ќе се водат
Кампањата повеќе наликува на инсинуации, напад од другата страна, кои граѓаните не ги стимулираат да излезат на гласање, туку ги заморуваат
за Скопје и за скопските општини, како и за поголемите градови во Македонија. Тој вели дека во поглед на медиумското покривање на партиските активности, локалните избори паѓаат во сенка на претседателските.

„Очекувам локалните избори повеќе да се добијат со кампања врата до врата, или директен контакт со гласачите, одошто со медиумска кампања. Бидејќи, многу медиумско покривање се појави во исто време.“

Карактеристично за овие избори е тоа што најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот сојуз, во поглед нарекламирање, многу заостанува зад владеачката ВМРО-ДПМНЕ. Во Скопје речиси и да не се забележуваат билборди на СДСМ, а и во медиумите доминираат пропагандните пораки на кандидатите за претседател и за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG