Достапни линкови

Македонија избори 2009


Macedonia -- Press, Skopje, 11Sep2007
Macedonia -- Press, Skopje, 11Sep2007
Република Македонија денеска продолжува кампањата за локалните и претседателски избори на 22 Март. Според најавите политичките партии ке одржат над 20 митинзи, средби со граѓани, конвенции, прес конференции и пуштање во употреба на инфрастурктурни проекти. Вчера преставници на ОДИХР, на Европската Унија и Европскиот Парламент ја истакнаа неопходноста во Македонија да се одржат фер и демократски избори важни за демократскиот развој и европската перспектива на Македонија. Инаку, Европскиот парламент во следната недела ќе го разгледа Извештајот за Македонија и, според известувачот Ерик Мејер, повеќето пратеници ќе поддржат што побргу започнување на преговорите за приклучување на државата во Европската унија. Станува збор за морална подршка. Според Мејер, преговорите треба да почнат што поскоро, но ќе треба време, до 2017 или 2018, за Македонија да стане дел од Унијата. Во меѓувреме, треба да се решат проблемите, особено со соседот Грција,, порача европратеникот Мејер.
XS
SM
MD
LG