Достапни линкови

Колку ќе чини кампањата за изборите?


Партиите најавуваат дека ќе потрошат помалку во кампањата за претседателските и локалните избори отколку за предвремените парламентарни избори. Според аналитичарите, во кампањите можат се заработат 7 - 8 % повеќе гласови.

Партиите, речиси без исклучок, најавуваат дека во предизборната кампања ќе потрошат помалку отколку на минатите избори, иако
Со оглед на економската криза и нашата кампања е прилагодена да биде скромна
законот сега им дозволува да потрошат три пати повеќе пари во кампањата. Политичарите велат дека кампањата ќе биде поскромна од минатата поради светската економска криза.
Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули вели дека оваа кампања ќе биде значително поевтина од претходната, но вели дека е се уште рано да се каже за колку.

,,СДСМ прво никогаш нема да ги надмине предвидените трошоци со законот за кампања. Со оглед на економската криза и нашата кампања е прилагодена да биде скромна, прилагодена на реалните услови и убедени сме дека непосредниот контакт со граѓаните е многу позначаен."

Пратеничката и кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева вели дека и без кризата кампањата ќе била
Имам неколку кампањи зад себе и секогаш секој денар се ставал на место и најрационално било потрошено се што е потребно за нормално функционирање на кампањата
скромна. Таа смета дека слично како неа се однесуваат и останатите членови на партијата.

,,Јас никогаш во животот со ништо не сум се расфрлала. Имам неколку кампањи зад себе и секогаш секој денар се ставал на место и најрационално било потрошено се што е потребно за нормално функционирање на кампањата."

Помалите политички партии, пак, велат дека немаат многу пари на располагање. Претседателот на НСДП Тито Петковски вели дека во најголем дел кампањата ќе ја платат нивните кандидати за градоначалници и советници.

,,Ние ќе водиме кампања со оглед на нашите финансиски можности. Ние сме млада и нова партија, и да сакаме да се расфрламе немаме шанси. Нашето финансирање е пред се од членовите и симпатизери на партијата, луѓе од малиот бизнис итн. Неспоредливо помалку од парламентарните избори 2006 или 2008."

Професор Јован Ананиев вели дека кампањата може да донесе седум до осум отсто повеќе гласачи. Ананиев, сепак, вели дека партиите
Не би можеле да зборуваме за намалување на одредени трошоци, туку за менување на профилот на кампањата и користење на поефикасни средства и медиуми за комуникација
треба да внимаваат, зашто ако кампањата изгледа многу скапо таа може да има спротивен ефект кај гласачите.

,,Не би можеле да зборуваме за намалување на одредени трошоци, туку за менување на профилот на кампањата и користење на поефикасни средства и медиуми за комуникација."

За разлика од кампањата за минатогодишните парламентарни избори забележливо е дека во весниците има помалку политички реклами. Митинзите и средбите со граѓаните, сепак, не изостануваат. Само за денеска се најавени 27 митинзи и средби со граѓаните.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG