Достапни линкови

Британија е за продолжување на проширувањето на ЕУ


Францускиот претседател Саркози и бриранскиот премиер Браун во Лондон
Францускиот претседател Саркози и бриранскиот премиер Браун во Лондон

Британија не би требало да се откаже од проширувањето на Европската унија како популистички одговор на економска клима, оценува британската министерка за Европа Керолајн Флинт, во коментар за Дејли Телеграф.

Британија не би требало да се откаже од проширувањето на Европската унија како популистички одговор на сегашната економска клима. Ова го оценува британската министерка за Европа Керолајн Флинт, во нејзиниот коментар објавен деновиве во Дејли Телеграф. На државите кандидати, како Хрватска, Македонија и Турција изгледите за членство, како што наведува, им создава можности, а на Европа тоа и дава предности.

Пред пет години Европската унија се прошири преку ноќ. Пристапувањето на десет нови членки на први мај две илјади и четвртата година го донесе феноменот на полски водоинсталатер во Британија и создаде најголемо интегрирано економско подрачје во светот, пишува во коментарот министерката Керолајн Флинт додавајќи: Британските влади од двете бои беа силни поддржувачи на
Земјите членки на ЕУ се гордеат со нивните различни култури, но во исто време делат заеднички вредности и поставуваат високи стандарди. Затоа, во наш интерес е да ги видиме тие вредности и стандарди како растат и надвор од сегашните граници на Европската унија.
проширувањето на Европската унија, бидејќи сфатија дека полза од тоа ќе имаат и постојните членки на Унијата и државите кандидатки. Факт е дека сите членки на Европската унија постојано истакнуваат дека иднината на Западен Балкан е во Унијата. Сите се согласуваме и дека изгледите за членство е најдобриот начин да ги охрабриме мирот, демократијата и економскиот развој на регионот поделен од конфликтите во деведесетите години.

,,На министерскиот состанок во минатиот понеделник јасно ставив до знаење дека британската влада не верува оти проширувањето треба да почека, туку дека треба да се одржи замавот на процесот и да се обезбеди прием на земјите кога ќе бидат подготвени за тоа. Влегувањето во Европската унија не треба да биде прошетка во паркот. Всушност, Британија два пати беше обивана пред да и се придружи на Унијата во илјада деветстотини седумдесет и треттата година. Од тогаш Унијата еволвира и денешната нејзина голема сила е тоа што претставува лост за спроведување на реформите кај оние што сакаат да станат дел од неа. За државите кандидатки како Хрватска, Македонија и Турција, проспектот за членство создава можности за нив, но и предности за нас, вели министерката Флинт, додавајќи: земјите членки се гордеат со нивните различни култури, но во исто време делат заеднички вредности и поставуваат високи стандарди. Затоа, во наш интерес е да ги видиме тие вредности и стандарди како растат и надвор од сегашните граници на Европската унија. Например со безбедноста, Британија го поддржува воведувањето европска потерница што ќе го олесни трансферот на осомничените криминалци меѓу државите членки. Организираниот криминал на Балканот, донесува хероин и проституција на британските улици, така што има смисла да се користат лостовите на проширувањето за да се обезбеди нивната полиција, обвинителите и судовите да работат со нас на кинење на шверцерските мрежи. Можеме исто така да бидеме сигурни дека процесот на проширување е долготраен и оти ни ги дава алатките со кои се обезбедува подготовка на земјите пред да ни се придружат, наведува британската министерска за Европа Керолајн Флинт во коментарот објавен во Дејли телеграф.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG