Достапни линкови

Распад на БИХ негативно ќе влијае на Македонија


Зградата на претседателството на БИХ во Сараево
Зградата на претседателството на БИХ во Сараево

Според аналитичарите евентуалната промена на границите на Балканот по домино ефект ќе се пренесе и во Македонија. Сепак, тие се сомневаат дека меѓународната заедница ќе дозволи промени.

Евентуалниот распад на Босна и Херцеговина ќе има многу негативно влијание на регионот, а посебно на Македонија, се согласуваат аналитичарите.

Причината за можни прекројувања на границите на Балканот тие ја гледаат, пред се, во забавеното проширување на Европската Унија
Може да стане и еден негативен пример за тоа како во иднина да се решаваат таквите етнички поделби, т.е. на Косово да се дојде до поделба, па дури и како што изјавија некои политичари да дојде и до поделба на Македонија
и на НАТО.

Во прилог на ваквото сценарио одат и несогласувањата во меѓународната заедница за статусот на Босна и Херцеговина и Косово, но и пренасочувањето на вниманието на САД од надворешната политика на внатрешните економски проблеми.
Политикологот Илија Талев ја гледа опасноста од распад на Босна и Херцеговина во тоа што одржувањето на целовитоста на Босна ја чини меѓународната заедница многу пари. Во услови на економска криза треба да се земе предвид и финансискиот аспект, вели тој.
Сепак, Талев се сомнева дека меѓународната заедница ќе дозволи промена на границите на Балканот.

„Може да стане и еден негативен пример за тоа како во иднина да се решаваат таквите етнички поделби, т.е. на Косово да се дојде до поделба, па дури и како што изјавија некои политичари да дојде и до поделба на Македонија, доколку продолжи проблемот со евро атлантските интеграции поради проблемот со името и незадоволството кај Албанците.“

Професор Јетон Шасивари посочува дека Балканот не е приоритет на новата американска администрација. Шасивари вели дека прашањата за евентуални промени на границите немаше да се отвораат ако регионот беше поинтегриран во евроатлантските
Несомнено дека ако дојде до било каква промена на границите во Босна или Косово тоа ќе се рефлектира и во Македонија по домино ефект
организации.

„Несомнено дека ако дојде до било каква промена на границите во Босна или Косово тоа ќе се рефлектира и во Македонија по домино ефект, бидејќи во тој случај ќе се нарушат сите воспоставени начела од 1990 па наваму.“

Премиерот на Република Српска Милорад Додик во изминатиов период неколку пати нагласува дека Босна и Херцеговина е создадена вештачки со Дејтонскиот договор и никогаш не била една држава. Помошникот на државниот секретар на САД Стјуарт Џонс, вчера, оцени дека ситуацијата во Босна и Херцеговина не е добра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG