Достапни линкови

Визионер кој се залагаше за мултиетничка Македонија


Претседателот Борис Трајковски беше едноставен и скромен човек. Човек од народот и за народот. Тој беше обединител и силно се залагаше за мирен соживот, се сеќаваат луѓето кои лично го познавале и соработувале со него. Стојан Андов, вели дека имале одлична комуникација. Го памети како човек со визија, упорен и истраен да го реализира тоа што го замислил.
„Еден многу едноставен човек и многу определен некои работи да ги заврши како што ги замислил. Тој правеше едноставни работи како задачи што треба да ги реши и да обезбеди соработка со секој што може да помогне да се најде решение.“

Во времето кога Борис Трајковски беше претседател, Мерсел Билјали беше негов советник за надворешни работи. Биљали вели дека
Тој ја чувствуваше сета одговорност како претседател на државата и се наоѓаше на чело на државата во едно многу незгодно време, но сепак направи се што е во неговите можности тие состојби да поминат без поголеми последици за Македонија.
соработувал со личност кој ќе остави длабока трага во политичкиот живот за Македонија. Човек кој пред се бил морален политичар.

„Тој ја чувствуваше сета одговорност како претседател на државата и се наоѓаше на чело на државата во едно многу незгодно време, но сепак направи се што е во неговите можности тие состојби да поминат без поголеми последици за Македонија.“

Соработниците на Трајковски велат дека тој бил човек кој најмногу од се сакал да ги обедини сите кои сакаат да направат нешто повеќе за својата земја. И токму тоа велат, го вбројува во листата на исклучителни политичари.

„Незамеруваше ако некој претходно нешто му рекол имаше сила да ги надмине тие проблеми на суети, беше ослободен од тоа.“

„Силно се залагаше за неговата идеја за мултиетничка држава, човек кој што имаше многу конструктивна улога за Македонија.“

Велат Андов и Биљали.
Пред пет години владиниот Кингер со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција во Босна и Херцеговина, се урна во близина на Мостар. Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија уште осум негови соработници. Во меѓувреме,
Силно се залагаше за неговата идеја за мултиетничка држава
истрагата на босанската комисија покажала дека авионот се урнал поради пилотска грешка. Деновиве пак, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска потврди дека има сомневања за начинот на кој е водена истрагата и ако извештаите на воздухопловните експерти ги потврдат сомневањата, ќе се отвори нова истрага. Во јавноста се шпекулира дека технички проблеми на мостарскиот аеродром биле можна причина за падот на владиниот Кингер.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG