Достапни линкови

Заборавени од локалните власти


Над 600 жители од кумановската мултиетничка приградска неурбанизирана населба Прмакови ниви, која поради неизградена инфраструктура ја нарекуваат Зона на самракот, револтирани се од сите досегашни локални власти кои како што велат,нивниот проблем го игнорираат. Иако живеат на една од главните градски сообраќајници тие со децении се без водовод,канализација,без пат и
Ако се парламентарни избори, ќе дојдат пратеници, ако се локални ќе дојдат кандидати за градоначалници. Не посетуваат само тогаш, само тогаш знаат дека ние постоиме, како што не викаат Зона на самракот.
без улично осветлување.

,,Овде 35 годии, јас, а други има преку 60 години. Вода дојде пред една година, но стопираше. Баравме од градоначалникот, но да се разболи човек не може Брза помош да дојде."
,,Сите не лажеа. Нас партии не не интересираат, ниту политика. Ние сме мулти етничка населба овде. 115 домаќинства, има Македонци, Албанци, Роми."

Жителите од оваа населба велат дека секогаш нивниот проблем е присутен само во изборните кампањи на кандидатите,

,,Ако се парламентарни избори, ќе дојдат пратеници, ако се локални ќе дојдат кандидати за градоначалници. Не посетуваат само тогаш, само тогаш знаат дека ние постоиме, како што не викаат Зона на самракот."

А колку патот е непристапен до нивните куќи укажува и тоа што ниту таксистите не сакаат да ги возат,поради што,

,,Децата на училиште одат пешки по кал, а навечер ги чекаме затоа што не го ни гледаат патот за дома. Толку е темна и фобична улица, такси компаниите не возат зашто е лош патот."

Актуелниот градоначаник Зоран Дамјановски и кандидат за нов мандат најповеќе им ветувал, велат граѓаните.

Градоначалникот Дамјановски пак смета дека тоа е дива населба која не е опфатена со градскиот урбанистички план. Сепак со одлука на Општинскиот совет тие требале за приклучок за водоводна и канализациона мрежа да платат по 9 илјади денари, а за таков приклучок во другите населби се плаќа по 14 илјади денари плус ддв. Ова во предизборниот период е само политичка игра на партијата на власта на централно ниво,вели Дамјановски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG