Со оценка за конструктивност и најава за следна средба меѓу лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, вчера заврши лидерската средба посветена на прашањата околу претстојните избори. Постигната била согласност и за излегување на избирачките места на гласачите само еднаш во текот на изборниот ден, а биле договорени и одредени работи во однос на активностите на полицијата на изборниот ден. Меѓу повеќето работи околу кои постоела согласност меѓу учесниците, лидерите го прифатиле и предлогот на СДСМ за постоење на партиски координативни тела меѓу штабовите, со цел да се обезбедат мирни избори. По средбата премиерот Груевски изрази задоволство од текот на разговорите.
,,Кај некои од партиите претходно постоеше некаков сомнеж да не се случи ова или да не се случи она, но кога се се стави на маса и кога се понудија решенија и кога тие решенија се прифатија и од другите партии но и од Државната изборна комисија на крајот добивме една многу позитивна атмносфера која се надевам дека ќе продолжи и во текот на целиот изборен период,"
изјави Груевски
На крајот добивме една многу позитивна атмносфера која се надевам дека ќе продолжи и во текот на целиот изборен период