Достапни линкови

Хрватска блокирана на патот кон ЕУ и НАТО


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ рече дека словенечката политичка елита проценила дека може своето членство во Унијата и НАТО да го злоупотреби и да ја уценува Хрватска. .

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ смета дека во Словенија е отворена вратата за одржување референдум за хрватското членство во НАТО, што според него, е сосема недоследно од земја која пред две години беше меѓу оние што ја повикаа Хрватска во Алијансата.

„Од сега, словенечкото блокирање на нашите преговори со Европската Унија и сериозната закана за нашата можност за влез во НАТО, не е веќе проблем само на Хрватска, туку проблем и на Унијата и на Алијансата. “
Стипе Месиќ, претседател на Хрватска

Словенечкиот потег, според Месиќ, ќе се одрази и врз евротлантските интеграции на
другите земји во регионот, па дури и врз целиот концепт на европското обединување.

„Доведени сме во неповолна ситуација, но тоа не значи дека треба дополнително да ја драматизираме и да се расфрламе со големи фрази. Одговорноста е на оние што одбиваат. Хрватска ќе го оствари своето членство во евроинтеграциите иако можеби не и тогаш кога тоа и го очекуваше.“

изјави Месиќ, откако словенечкиот парламент усвои изјава која во Хрватска беше оценета како признавање на словенечките територијални претензии. Кон ова е и барањето на непраламентарната Партија на словенечкиот народ која е за референдум доколку во изјавата на парламентот не се стави и барањето до Хрватска за поместување на заедничката граница. На ова се
Од сега, словенечкото блокирање на нашите преговори со Европската Унија и сериозната закана за нашата можност за влез во НАТО, не е веќе проблем само на Хрватска, туку проблем и на Унијата и на Алијансата.
противат големите словенечки партии.

„Дури и во случај да не успееме да постигнеме договор со Партијата на словенечкиот народ, верувам дека граѓаните ќе ја препознаат решеноста на словенечката политика за ратификација на хрватскиот протокол за НАТО со оглед на нашиот став дека рефендумот е штетен.“
Како и да е, во хрватската политичка јавност се очекува Словенија до дваесет и седми март да ја заврши оваа, како што се оценува, драма околу ратификацијата на хрватскиот пристап во НАТО.

Изјави премиерот на Словенија Борут Пахор. Политичката злоупотреба на референдумот од страна на десните партии не е реткост, вели професорот на Факултетот за политички науки во Загреб Бранко Царатан.

„Референдумите често пати биле користени и како средство да се добие плебисцитарна поддршка, особено тогаш кога некое сложено прашање се става пред граѓаните кои пак, немаат поим за сите елементи потребни за негово решавање.“

Како и да е, во хрватската политичка јавност се очекува Словенија до дваесет и седми март да ја заврши оваа, како што се оценува, драма околу ратификацијата на хрватскиот пристап во НАТО. Имено, до тој датум треба да биде доставен протоколот со цел Хрватска на јубилејниот самиот на НАТО во почетокот на април да влезе во Алијансата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG