Достапни линкови

Претседателските кандидати тргнаа по гласовите од стечајците


Работнички протести во Скопје
Работнички протести во Скопје

Стечајците со нерешен статус денеска на протести пред владата. Тие на средби и со кандидатите за Претседател на Република Македонија

Кандидатите за претседател на државата тргнаа по гласовите на стечајните работници, што не беа опфатени со популарно наречениот закон за стечајци. Претседателските кандидати Љубомир Фрчкоски, Нано Ружин и Љубе Бошкоски веќе се сретнаа со претставници на здружението на стечајци УНИТ од Куманово. Кандидатите се обврзаа дека ако бидат избрани за претседател, ќе ги подржуваат
Ние бараме социјално и солидарно да се згрижиме, бидејќи се работи за една посебна категорија на луѓе.
стечајците да ги остварат нивните барања за решавање на економско-социјалниот статус. Здружението на стечајци најави дека очекува термин за средба и со претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, како и со кандидатите од албанскиот политички блок, зашто како што велат стечајци има од сите националности. Претседателката на здружението УНИТ, Љиљана Ѓорѓиевска вели дека очекува од идниот претседател да застане на нивна страна во процесот на донесување закони.

„Да не потпишува закони кои не се во наша корист. Ние бараме социјално и солидарно да се згрижиме, бидејќи се работи за една посебна категорија на луѓе. Не одиме политички и нема од што да се плашиме, одиме само на остварување на нашите права. Немаме контактирано со ниедна партија, ниту некаква наклонеста, ќе оставиме сите сами да одлучат кој е најдобар.“


Според законот што владата го донесе летоска, работниците што имаат повеќе од 25 години стаж, а отишле под стечај од 2000 до 2004 година, месечно ќе добиваат по околу 5000 денари од државата до пензија или до наредно вработување. Овој закон ги опфаќа само работниците од фирмите што биле во државна сопственост. По донесувањето на законот стечајците што повеќе од една година протестираа во шатори пред собранието го прекинаа штрајкот. Претседателот на штрајкувачите од шаторите, Стојан Стојанов вели дека иако не се обезбедени сите стечајци, нивното здружение на планира да се сретне со претседателските кандидати.
Ние сме имале и од претседателските кандидати и од носители на листи потпишувани документи, па после кога дојде на ред решавање на прашањето, ни велеа не можат во целост на го решат проблемот.“



„Не да бараме поддршка од претседателските кандидати, затоа што ги знаеме добро работите. Ние сме имале и од претседателските кандидати и од носители на листи потпишувани документи, па после кога дојде на ред решавање на прашањето, ни велеа не можат во целост на го решат проблемот.“

Политикологот Владимир Божиновски објаснува дека претседателот нама големи овластувања за да им помогне на стечајците, но може да го искористи авторитетот за да изврши притисок.

„Па евентуално може да даде предлог или да изврши притисок некаков до Владата.“

Здружението УНИТ бара средба со премиерот Никола Груевски и за денеска најави протест пред Владата. Тие велат дека ќе протестираат се додека не се сретнат со премиерот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG