Достапни линкови

Длабоката политизација на здравствениот систем не доведе до оваа ситуација, велат познавачите


Длабоките реформи во здравството што ги најави Македонија не резултираа со ефектите во анализата објавена во Брисел и во Стокхолм во која сме оценети на препоследно место во Европа после Литванија. Единствен прогрес има во делот на унапредуавњето на правата на пациентите. Владо Лазаревиќ поранешен министер за здравство во периодот кога се најавуваа крупни промени вели дека извештајот укажува дека има уште многу работа за достигнување на европските стандарди во македонскиот здравствен систем, но очекува дека резултатите од реформите што се преземени може да се почувствуваат допрва во наредниот период:

„Ние неможеме да речеме дека нашето здравство ги исполнува европските стандарди кон кои се аспирира. Очекуваме дека нашите резултати односно истражувањата кои ќе се прават наредните години ќе покажат дека има прогрес.“

За него позитивна околност е напредокот сме постигнале во заштитата на правата на пациентите. Реформите во здравство почнаа со поделба на Клиничкиот Центар, на 31 клиника мината година со аргумент дека досегашниот начин на организирање генерира загуби и корупција во здравството. Владата најави голема инвестиција, 40 милиони евра во опрема, но тендерот не е завршен. Професор Доктор Кирил Лозаннче вели дека реформите во терцијалното здравство сеуште не се почнати зошто премногу време претходно било потрошено на реформи во примарното здравство:

„Мината година се направи поделба на клиниките, Што е тоа, тоа не е реформа. Се почнува нешто, ама треба да се направи план и програма.“

За разлика од ставот дека заемјава доцни во спроведуавњето на реформите, поради неспроведени чекори во изминатиот период дел од здравствените работници сметаат дека здравството всушнсот влегува во се подлабока криза како последица на политиазацијата и немањето постојана здравствена стратегија:

„Реформите не се добро смислени и со секое ново министерство ние правиме реформи, значи немаме континуитет. Имавме добро здравство и мислам дека со зацрвстувањето тоа здравство можеше да направи добар резултат.“

Вели доктор Тихомир Крцковски.
XS
SM
MD
LG