Достапни линкови

70 милиони евра од Светска Банка за подобрување на регионалната и локална патна мрежа


Сообракајни незгоди кои понекогаш резултираат и со човечки жртви,зголемени трошоци за одржување на возилата и поголема потрошувачка на гориво,ненавремено стигнување до посакуваната дестинација.Ова се само дел од последиците од лошата регионална и локална патна мрежа во Македонија.За немањето на добри патишта говорат и градоначалниците на неколку општини од земјава.Зоран Дамјановски градоначалник на Куманово вели дека за разлика од локалните патишта во оваа општина,регионалните се во могу полоша состојба,посочувајки на патот кој води до српската граница кон Прохор Пчински и на оној кој води до Свети Николе.

„Регионалните патишта се дошта оштетени. Сметам дека треба да се реагира со нови слоеви на асфалт и да се направат модерни сообраќајници во тие делови.“

И патишта со кои општина Велес се поврзува со главниот град и Источна Македонија не се на завидно ниво.Градоначалник на овој град Аце Коцевски вели дека лошите патишта ги одбиваат и потенцијалните странски инвеститори бидејки им создаваат дополнителни трошоци при транспортот,а со тоа и поскапо производство. На прашањето зошто досега не се преземале мерки за подобрување на патната мрежа,Коцевски одговора

„Нашите „мудри“ лидери никогаш овој дел од работите не го земале како приоритетен за развој на Македонија.“

Дупки и диви депонии ги отсликуваат и патиштата кои ги поврзуваат Крива Паланка и Пробиштип велат првите луге на овие општини

„Крива Паланка е риско планинска, па некогаш во зима е парализирана целата комуникација со селата на поголема надморска височина.“
„Регионалната патна мрежа на ниво на општина Пробиштип е изградена пред 20-30 години и има потреба од реконструкции и изградба на нови патишта.“


објаснуваат градоначалниците Драги Трајчевски и Душко Јовановски

Патната инфраструктура во Македонија е добра во однос на регионот но не и во споредба со европските земји,вели Зоран Кракутовки професор на Градежниот факултет.

„Како најдобра состојба на патната инфраструктура може да се оцени состојбата на магистралната патна мрежа, а како најзагрижувачка и најлоша се регионалните патишта од втор ред и локалната патна мрежа.“

Кракутовски додава дека обновата на патната мрежа треба да се врши според претходно изготвена анализа која би покажала кои патишта се нај фрекфенти а со тоа би донеле и поголема заработувачка. Инаку пред неколку дена Владата потпиша договор со Светската Банка за заем во износ од 70 милиони евра за реализација на проектот за подобрување на регионалната и локалната патна мрежа.
XS
SM
MD
LG