Достапни линкови

Македонците се симбиоза од античките македонци и словените на овие простори, велат историчарите


По осамостојувањето од пораншена Југославија, во македонската историографија се отвори пат за истражувања за периодот кој не беше застапен во тогашните учебници. Македоснките историчари денес за потомството на македонската нација од античките македонци зборуваат и како за освестување за македонскиот национален идентитет за разлика од изминатите 50-тина години кога во Македонија која како држава фукцинираше во рамките на пораншена Југославија во науката застапена во средните и основните училишта се инсистираше само на словенското потекло на македонската нација без враќање назад. Низ Македонија како центар низ кој поминувале многу народи и племиња дошло до мешања, но факт е дека во гените останала меморијата за античките македонци како и за словенскиот карактер кој е вграден подоцна, вели историчарот Лазар Лазаров:

„Македонците се практично потомци на античките македонци и нема никаква логика дека Александар Македонски или Филип се грци, тие како би можеле да се борат против својот народ, и да ги покорат малите грчки државички ако биле ист народ.“

„Сигурно дека денешните македонци носат дел од наследството на античките македонци тие во историјата не ги снемало и не сме само чисто словени, туку на овие простори поминале многу народи Што значи настанало мешање меѓу народите, меѓутоа фактот е тој дека постои симбиоза мегу античкиот и словенскиот елемент во генезата на македонскиот народ.“



Додава директорот на институтот за национална историја Тодор Чепреганов.Она за што зборуваат историчарите денес порано се сметаше за романтизам. Во позадина на изостанувањето на античкиот период од македонската историја во изминатиот период се кријат околностите во кои Македонија фукционирала во рамките на поранешна Југославија односно интерес на сосоедните држави особено на Грција која денес го оспорува името на државата, велат тие:

„Ова прашање долго време не беше истражувано поради познати работи од периодот на претходниот систем.„

„Тука го нагласувам односот на Грција кој Македонија. Прво, штом ја оспоруваат името на државата и народот, значи дека повеќе сакаат ние да не постоиме на овие балкански простори. Не се работи за името, туку стравот на Грција за културно историското наследство на овие простори, тие сакаат да прикажат дека се е нивно.“


Велат Лазаров и Чепреганов. Ревидирањето на историјата можеби предзвикува разлики во гледиштата но историчарите, но ова не ги збунува македоснките граѓани. Академик Иван Кантарџиев истакнува:

„Во Русија сега е пуштена теза дека словените не се дојдени на Балканот од север, туку дека се дојдени од југ, од Македонија. Мислам дека би било препотентно од моја страна да навлегувам во оваа теза тоа науката нека се развива, и открива нови сознанија и доколку евентуално оваа аргументација ја издржи критиката, времето и историјата можеби ќе ги менуваме сопствените ставови.“
XS
SM
MD
LG