Достапни линкови

Дебелеењето се случува поради околината или гените, сметаат експертите


Од ден на ден се повеке се зголемува бројот на дебели луге. Некои истражувања велат дека тоа се должи на околината или зависи од тоа дали вашите најблиски имаат голема телесна тежина или не. Според некои пак се е во гените.

Доктор Николас Кристакис од Харвард Универзитетот и Џејмс Фоувлер од Калифорнија универзитетот поставија теза дека дебелеењето е заразано. До заклучокот дојдоа преку анализа на податоци за тежинитата на повеке личности од еден град во Масачусетс. Следењето на податоците траело еден месец, а биле вклучени лица кои се роднински поврзани, пријатели

„Ние дојдовме до тоа дека шансите на една личност да се здебели се 57 проценти ако има пријател со прекумерна телесна тежина, 40 проценти се дебелеат оние кои имаат брака и сестри со прекумерна тежина и 37 проценти ако имаат сопружник кој е дебел.“

Ова сметаат истражувачите се должи на тоа што лугето се огледуваат на оние кои им се во најблиската околина. Тоа не значи дека оние кои имаат прекумерна тежина се дружат само со слични на нив. Овие луге порано биле слаби и ја зголемиле тежината поради нивни блиски или пак тоа одело паралено.

Доктор Метју Џилман кој не бил вклучен во споменатото истражување вели дека студијата го занемарува верувањето дека гените се главна причина за дебелината кај некои луге

„Додека гените сигурно влијаат дали една индивидуа ке се здебели, а друга не, гените не можат да ја објаснат појавата на се поголем број на луге со прекумерна тежина, што е феномен веке 30 години. Гените не се смениле во последните 30 години, но нашата околина се менува.“

Според Светската здравствена организација, дебелеењето има размери на епидемија, или има повеке од една милјарди возрасни лица со прекумерна тежина. Истражувањето спроведено од оваа мегународна организација во 2001 година во 191 земја, мегу кои оние од Блискиот исток, Централна и Источна Европа и Северна америка имаат најголем број на лица со прекумерна тежина. Оваа студија покажува и дека има повеке дебели жени од мажи.
XS
SM
MD
LG