Достапни линкови

Турбуленции во владината коалиција


Постои можност да се завршат прегоровите меѓу раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ неделава, вели потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити, коментирајќи ја изјавата на премиерот Груевски дадена викендов.

„Што се однесува до нас, ние секогаш сме биле подготвени да покажеме добра политичка волја, преговорите да се завршат. Така што, дали ова ќе финишира, зависи од господинот Груевски,“

вели Алити, и додава дека останале спорните прашања за статусот на борците на ОНА и законот за јазиците, а за нивното решавање очекуваат добра волја од страна на владеачката партија:

„Ние сме ги направиле отстапките, и бевме доста конструктивни, така што треба да се покаже добра волја и од страна на Груевски.“

Во меѓувреме, владеачката коалиција доживува мали коалиции. Имено, пратеникот на НСДП Иван Анастасовски, во својата колумна во „Утрински весник“ наведе неколку причини зошто неговата партија треба да излезе од власта. Конкретна одлука нема, вели Анастасовски, но:

„Ова прашање ќе го покренам да видам какво е расположението на луѓето во највисокиот партиски орган, а дури ќе одам да ги слушнам и мислењата на општинските организации низ Репулбика Македонија.“

Ревидирање на позицијата во однос на владата најави и новиот лидер на ВМРО-Народна Ѓорѓи Трендафилов.
XS
SM
MD
LG