Достапни линкови

Бесплатен Интернет само на неколку локации во Скопје


Македонија прва бежична интернет земја, вака најавуваа рекламите по воведувањето на бесплатниот бежичен Вифи интернет во држава. Една година подоцна, овој бежичен интернет пристап кој не се плаќа имаат можност да го користат само граѓаните на Скопје, и тоа само во неколку кафулиња и во два од неколкуте трговски центри во градов и покрај тоа што оваа услуга е наменета за оние корисници кои што се во движење и на кои интернетот им треба на различни места во градот. Во Он. Нет. Телекомуникациска компанија која ја изгради првата бежична мрежа во Македонија за досегашните резулатати од едногодишното воведување на оваа услуга велат:

„Услугата Он нет ја воведе на почетокот на минатата година и продадени се до сега над 10,000 картички.“

изјавува Ирена Чауштевска, портпарол на Он нет.

Корисниците на бежичниот интернет велат дека сепак се задоволни од воведувањето на услугите, но сметаат дека интернетот на отворено мора да се развива на повеќе места. Скопјанката Мила Шопова која поради работата ја користи оваа услуга потенцира.

„Градот Скопје да се ангажира во одредени паркови и локации да има бесплано користење на безжични услуги.“

Со оваа забелешка се согласува и Марко, кој често со својот лап топ компјутер ги користи ,,предностите,, на модерната интернет комуникација. Би било убаво кога бесплатниот Вифи интернет би го имало на повеќе места вели Марко.

„Во ова време на брз проток на комуникации, повеќе од потребно.“

Наспроти техничките можности кои според мислењето на поколниците на модерната инфроматичка технологија треба сеуште да се развиваа, Мила отвара и еден друг проблем и социјалната средина вели ја ограничува во користењето на вифи услугите:

„Во неколку наврати додека имав седено во некои од кафулињата каде што е овозможено ВИФИ, имало забелешки до келнерот да им донесе исто така лап топ со нарачката и на луѓето од соседната маса, некои неумесни забелешки, затоа што за мене ВИФИ е начин на живот.“
XS
SM
MD
LG