Достапни линкови

Светската јавност прифаќа дека на Земјата станува се потопло


Научниците велат дека две илјади и шеста можеби е годината во која конечно светската јавност ја прифати идејата дека на Земјата станува се потопло. И не поради тоа што така стои во научните истражувања и предвидувања, туку поради се почудните временски услови.

Климатските промени никогаш не биле толку многу на насловните страници како во две илјади и шестата година. Во јануари, американската метеоролошка управа соопшти дека од илјада деветстотини деведесет и петата досега биле забележани девет од десетте најтопли години. Во февруари, експертите за Гренландските глечери известија дека замрзнатите реки се топат забрзано што предизвикува во Атлантикот да доаѓа два пати повеќе мраз од она што било забележано пред десет години. Освен научниците за глобалното затоплување се загреаја и политичарите. Во мај беше премиерно прикажан документарниот филм ,,Незгодна вистина,, во кој поранешниот американски потпретседател Ал Гор ги објаснува опасностите од глобалното затоплување. Филмот стана еден од најгледаните документарци во Америка, а на Гор му ги зголеми шансите за влез во претседателската трка во две илјади и осма. Во октомври пка, поранешниот шеф на Светската банка економистот Николас Стерн објави истражување нарачано од британската влада во кое се предупредува дека неуспехот во справувањето со последиците од глобалното затоплување би предизвикал светска економска рецесија. Но, многу поубедливо од ваквите студии, истражувања и филмови беше самото време.

„Јавноста се соочи со ова прашање во последниве две години, едноставно затоа што ефектите од климатските промени почнаа да ги гледаат и да ги почувствуваат. Например интензитетот на ураганите и високата температура стануваат се поубиствени.“

Вели Мајкл Опенхајмер, професор по географија на Принстон универзитетот, наведувавајќи ги временските прилики во Соединетите Држави и Европа. Сепак, тој е претпазлив и додава дека жешките лета, може, но и не мора да бидат поврзани со глобалното затоплување. Тие просто би можело да бидат аномалии во нормалните временски модели. Како и да е, според Опенхајмер, тие предизвикуваат загриженост кај луѓето. На ист став е и Мајкл Ман, директор на научниот центар за испитување на Земјата, кој сепак додава:

„Она што луѓето го забележуваат секојдневно се повеќе има силно влијание и врз нивниот однос спрема глобалното затоплување. Проблемот е во тоа што климатските промени се бавни. Имено, човекот брзо реагира само на брзи, а не и на бавни промени.“

Дали сфаќањето на проблемот не е презадоцнето? Ман сугерира луѓето и нивната испуштеање на јагерод диоксид во атмосферата ќе имаат негативно влијание врз глобалната клима.

„Сега ние веруваме дека сме испуштиле толку многу штетни гасови во атмосферата кои барем неколку децении ќе предизвикуваат климатски промени.“

Џејмс Хенсен од НАСА Годард институтот за Вселенски истражувања во Њујорк во ноември изрази уверување дека светот има помалку од една деценија за да преземе решавичка акција со која би се спречила натамошното уништување на Земјата. Потребата од итни потези е се позастапена во научните кругови.

„Некои од нас веруваат дека ние сега ги гледаме оние промени за кои претпоставувавме дека ќе се случат по пеесет години. Сегашното намалување на ледената покривка на Гренланд, според нашите модели, не требаше да дојде барем за неколку децении.“

Наведува Мајкл Ман. Според научниците, топењето на овие ледници ќе предизвика покачување на нивото на морињата во целиот свет за пет до шест метри со што многу големи градови ќе бидат потопени.

„Она за што навистина треба да сме загрижени се работите кои не можеме да ги предвидиме. Зборуваме за целиот систем на Планетава. Нема да има губитници или победници.“

Наведува Мајкл Опенхајмер, додавајќи дека глобалното затоплување ќе создаде десетици милиони климатски бегалци, луѓе кои ќе бидат во потрага по нови домови.
XS
SM
MD
LG