Достапни линкови

Најави за трет мобилен оператор, а граѓаните бараат конкуренција и во фиксната телефонија


Постои потреба од влез на трет мобилен оператор, но уште поголема е потребата од либерализација на фиксната телефонија, ова македонските граѓани, соочени со високите цени кон компанијата која им нуди услуги во фиксната телефонската мрежа, го упатуваат како порака до Владата, откако таа најави конкуренција меѓу мобилните оператори, односно дека во рок од два месеци ќе распише тендер за влез на трет мобилен оператор:

„Зошто во фиксниот не воведат конкуренција? Тие одат каде што е полесно, кај што ја сплеткаа работата, не може да ја отплеткаат.“
„Во фиксната телефонија е уште поголема катастрофа.“


За тоа каков ,,луксуз“ според нив сега им претставува користењето на мобилните телефони, наспроти неопходното средство за комуникација како што е во останатите земји, потрошувачите потенцираат:

„Конкуренцијата е за почитување, иако мислам дека тешко ќе го направат тоа со третиот мобилен оператор.“
„Секаде се утепуваат од муабет, а никакви сметки, а тука обратно.“


Колку е поголема понудата, толку се поголеми поволностите за граѓаните, ова пак е едноставната дефиниција на која упатуваат економските експерти, за тоа кои ќе бидат придонесите за потрошувачите од либерализацијата на телекомуникацискиот пазар конкретно во мобилната телефонија.

„Влезот на трет мобилен оператор ќе ја зголеми понудата, и сигурно ќе дојде и до пад на цените,“

посочува Димитар Богов од Центарот за економски анализи. Во агенцијата за телекомуникации која е надлежна за спроведување на постапка за јавен тендер велат дека досега До сега, во Агенцијата нема пристигнато ниту едно барање од домашен или странски оператор за доделување на радиофрекфенции кои би се користеле за давање на јавни мобилни телефонски услуги. За либерализацијата на фиксната телефонија пак оттаму посочуваат дека сите потребни законски акти се донесени, но станува збор за комплексни зафати за кои е потребно време за да се реализираат.
XS
SM
MD
LG