Достапни линкови

Некомплетни информации од невладини организации


Во Македонија поголем дел за случаите со трговија со луге се водат судски постапки, а обвинетите како Дилавер Бојку Леку се во затвор, велат од надлежните институции во земјава во однос на последниот извештај на Стејт Департментот во кој по неколку позитивни оценки Македонија сега добива критики дека лошо се справува со трговијата со луѓе. Од Министерството за внатрешни работи пооуваат дека во земјава постојат посебни комисии со цел поефикасно справување со оваа појава, а имаат и забелешки на извештајот

„Може да се каже дека извештајот се темели на неколку непотполни параметри од разни невладини организации, коишто немаат комплетен увид и ги немаат точните податоци. Факт е дека минатата година имавме помалку регистрирани случаи на трговија со луѓе, што се должи на тоа што претходниве години, најголемите „босови“ завршија во затвор. Има стивнување во тој дел. Министерството не може да измислува нови случаи за да испадне дека работи, туку може да постапува по постоечките и по пријави и добиени сознанија,“

изјави Горан Павловски од МВР. Обвинителот Роксанда Крстевска која е член на националанта комисија за борба против трговијата со луѓе смета дека лошата оценка се должи на постоењето на правните празнини кога се постапуавваше во случајот Бојку, а за кој интересот на американскаат администрациај е главен

„Случајот што го обсервираат САД, се однесува на посредувањето во проституција, тоа не е недозволена трговија со луѓе и што се однесува до незаштитените сведоци, законот дури сега се изгласа и не може ретроактивно да важи,“

Шефот на мисиајта на Мегународната организација за миграции Енрико Понцијани вели дека в;астите имаат многу вложено во борбата против оваа појава и додава:

„Од друга страна јас верувам дека надлежните власти дека надлежните ке го разгледаат извештајот и ќе работат во насока на надми нување на недостатоците, би било идеално кога судските процеси за овие случаи би траеле покртко но тоа е проблоем само во Македонија.“
XS
SM
MD
LG