Достапни линкови

Споменувањето на Ромите во Уставот само формална предност


Македонија е единствена земја во која што Ромите се признати во највисокиот правен акт, Уставот. Но, тоа е само формална предност за разлика од другите земји кадешто живеат, велат претставниците на ромската заедница во земјава. Праксата сепак говори за нешто друго:

,,Ромите во Македонија за разлика од другите етнички групи, според статистиките, за жал се на најмаргиналното ниво во општеството. Сега во декадата на Ромите, од 2005 - 2015, ќе се обидеме да дојдеме до еднаква основа со останатите етнички групи во Република Македонија.”

изјави Мухамед Точи од невладината организација Месечина. Мегу главните причини за лошиот статус на Ромите во земјава се посочува нивната минимална застапеноство образовниот систем:

,,Дека ромските проблеми се тешки затоа што многумина ги запоставија. Сега имаме момент кога сме во состојба сите да го подигнеме на повисок степен опстанокот на Ромите,”

вели пратеникот Неждет Мустафа.

Со цел стимулирање на учеството на Ромите во образованието Македонскиот центар за меѓународна соработка од втората половина на 2001 година спроведува посебна програма:

,,Заеднички се работи за зајакнување на свеста на ромските семејства за значењето и полезноста во образованието. Програмата нуди можноста за подобрување на квалификациите на младите од ромската заедница преку курсеви,”

информира Нахида Зекирова од МЦМС. Програмата што се спроведува во 11 поголеми градови во земјава според најавите ке продолжи и во перспектива.
XS
SM
MD
LG