Достапни линкови

Вооружени грабнувачи држат 400 заложници во училиште


Вооружени луѓе денеска, како што јавуваат агенциите, влегле во едно училиште во јужна Русија и држат четиристотини заложници. Претседателот Владимир Путин ја отфрли можноста за преговори со нив.

Нападот се случил во градот Беслан, во Северна Осетија, руска република која се граничи со Чеченија. Меѓу заложниците имало и двесте деца кои грабнувачите ги поставиле на прозорците од училиштето како жив штит, јави Итар Тас. Агенцијата додава дека полицијата ја опколила зградата на училиштето и оти се слушнало пукање. Има извештаи дека најмалку тројца учители биле убиени и оти неколкумина ученици успеале да избегаат. Полициски извори наведуваат дека станува збор за дваесетина грабнувачи, мажи и жени, кои на себе имале појаси полни со ексползив. Руските медиуми јавуваат дека вооружени луѓе денеска влегле во уште едно училиште во Северна Осетија, но засега тоа не потврдено од локалните власти. Според последните информации, напаѓачите во училиштетото во Беслан барале ослободување на неколкумина милитанти кои се наоѓаат во еден затвор во Ингушетија. Меѓутоа, Интерфакс пренесува дека претседателот Владимир Путин ја отфрлил можноста за преговори. ,,Подготвени сме да разговараме со сите сили, но не и со терористи и сепаратисти,, им изјавил Путин на новинарите во Москва.
XS
SM
MD
LG