Достапни линкови

Еден месец рок за апсење на Чакала


Месец дена рок, за спроведување акција за апсење на командант Чакала и команданд Бреза, ова е наредбата која вчера министерот за Внатрешни Работи Хари Костов ја дал до заменик Министерот за внатрешни работи Хазби Лика, кој заедно со заменик директорот на УБК Фатмир Дехари и заменикот од бирото за јавна безбедност Бесир Дехари до утре во 14 часот треба да подготват оперативен план за доброволно предавање или пиведување на Авдил Јакупи - Чакала и Хамди Бајрабовски Бреза и на колегиум да се изјаснат дали прифаќаат или не да ја водат оваа акција.

Ако заменик министерот Хазби Лика ја прифатат оваа задача од понеделник Министерот за Внатрешни работи Хари Костов оди на одмор.

А, според работната регулативата во МВР, наредба од министерот мора да буиде прифатена само ако тоа не преставува наведување на кривично дело, инаку во спротивно ќе се толкува како непослушност и одбивање да се изврши наредба.

Доколку во дадениот рок од месец дена, не се реализира планот тогаш ќе биде покренета постапка против Хаби Лика, фатмир дехари и Бесир Дехари за некопетенност.

Во дадениот рок за реализацуија и спроведување на акциониот план, лицата Авдил јакупи и Хамди бајрамовски против кого МВР има покрената низа кривини пријави треба да бидат изнесени пред надлежните судски институции со целосна гаранција за законска коректна и фер постапка со право на бранители и наблудувачи од Хелсиншки комитет и „Амнести Интернешенл.“

При составувањето на планот дозволено е да се користат сите кадровски и текнички потенцјали на МВР, соработка со АРМ, ОБСЕ ЕУРОФОР и НАТО, велат во МВР.
XS
SM
MD
LG