Достапни линкови

Командант Чакала бара ослободување на Ајети, МВР најавува акција


МВР соопшти дека се киднапирни двајца припадници на полицијата во Куманово. Едниот е од албанска а дригот од македонска националност кои во та време не биле на работна задача. Полицајците се грабнати од страна на Авдил Јакупуи алијас Чакала, инаку познат извршител на кривични дела, се вели соопштението на МВР. Полицијата го повика Јакупи доброволно да се предаде и заедно со двајцата полицајци да се јави до најблиската полициска станица и да одговара соголасно законот за стореното дело.

И Чакала лично ја презеде одговорноста за киднапирањето на пиолицајците. Тој за радио Слободна Европа изјави:

„Двајца полицајци во цивил пукаа врз мене, а јас и моите другари им ги одзедовме пиштолите и ги уапсивме. Тие се наоѓаат во наши раце. Им ставаме до знаење на Македонците дека двајцата полицајци нема да ги ослободиме до задутре во 20 часот, кога истекува рокот за ослободување на Авни Ајети кој е обвинет за поставувањето бомби во Куманово, за кои ние веруваме дека не е виновен и ве уверувам дека доколку Ајети биде ослободен и полицајците ќе ги ослободиме,“

вели Чакала.

МВР соопшти дека доколку не бидат пуштени двајцата грабнати полицајци вечерва ќе почне со активности и движења на полициски сили чија цел ќе биде пронаоѓање и фаќање на лицето Авдил Јакупи и ослободување на двајцата припадници на полицијата. Се повикува и локалното население да соработува со полицијата бидејќи овие активности не се насочени против нив, туку за апсење на Чакала од кој впрочем и најмногу страдало ова население се вели во соопштението на МВР.
XS
SM
MD
LG