Достапни линкови

Јован Поповски прв јави за земјотресот


Во моментот кога за белградска политика како дописник од Македонија јавував за катастрофата во Скопје се чувствував задоволно, иако попладнето непосредно пред земјотресот во Скопје бев во операциона сала, се сеќава Јован Поповски, кој во тие, како што вели тешки моменти кога Скопје беше отсечено од светот, тој јави за катастропфалниот земјотрес што го зафати главниот град. Кога ме подготвуваа за операција, во тој миг згрме и беше прв удар од земјотресот, шокот беше голем, болките престанаа во тој миг. Потоа излегов надвор, и веднаш изегов надвор и погледнав на часовникот и го запишав времето на листите што ми ги дадоа лекарите и веднаш трфнав да барам начин да јавам за земјтресот.

„Отидов до плоштадот, видов една голема дупка, низ која што се гледаше телефонската централа на Пошта 1. Стојам кај хотел Македонија и ги слушам повиците на затрупаните во хотел Македонија. Не, не, тоа не ме интересира, јас не сум тој што треба да спасува луѓе, јас сум новинар, јас морам да се јавам на редакцијата. Во тој миг, забележав еден мој пријател, ме праша каде, му реков барам некоја воена пошта да ми даде радио апарат, да се јавам на редакцијата,“

вели Поповски објаснувајќи го моментот кога врската со белградска политика веќе беше воспоставена:

„Дојде директорот и ме праша, Јован што е, му реков тука е катастрофа, дај да издадеме вонредно издание. Тој ме праша, го имаш напишано извештајот, му велам да, го лажам. Немам извештај, немам ништо, имам оние три бројки што ви реков што ги напишав. Каде ќе најдам хартија за извештај, почна да ме прима на рака уредникот на внатрешна рубрика. Околу мене се создаде круг луѓе, да видат која е оваа будала што се дере во ова утро на смрт и солзи. Љубопитно дојдоа да гледаат. Тие станаа мои соработници. Секој некој ќе ме чукне по рамо и ќе ми рече, еј не кажа дека падна сајмиштето.“
XS
SM
MD
LG