Достапни линкови

Доста Димовска помилувана за прислушувањето


Овој потег на претседателот Тарјковски значи признавање оти Доста Димовска е виновна е првичната раекција на експертите по кривично право по информацијата дека претседателот на државата до основниот суд во Скопје достави одлука за помилување и ослободување од гонење на Доста Димовска и Александар Цветков во врска со аферата прислушување.

„Ова е мега-скандал. Тој со ова признава дека таа е виновна. Не се ослободува од гонење невин човек. Борис Трајковски со овој гест покажа дека не е претседател на Република Македонија, туку е апсолутен монарх одговорен пред историјата“.

Вели професорот по кривично право Ѓорѓе Марјановиќ според кого ова ослободување на Димовска ќе повлече низа други последици.

„Има забележано 400 случаи на прислушкување, има огромна маса луѓе кои се оштетени со тоа. Борис Трајковски на овој начин страшно ја оптоварува македонската држава. Тој прави воопшто да не може да се поведе процедура против Димовска и сите кои имаат намера да ја тужат неа, сега ќе ја тужат македонската држава директно. И, бидејќи претседателот ја признава нејзината вина, ќе бараат од државата да им плати обештетување“.

Професорот Марјановиќ смета дека мора да се побара правно средство со кое ке се побара одговорност на престедателот Трајковски за одлуката што тој ја донел.

„Ќе пронајдеме да се изнајде правно средство против Борис Трајковски да се покрене импичмент. Споредбено, за поситна работа на времето мораше да си поднесе оставка Никсон“.

Потегот на Трајковски за помилување на Димовска која беше осомничена за аферата прислушување и за што јавното обвинителство веќе покрена кривичен предмет во основниот суд, според Марјановиќ би можело да не оддалечи од нашите аспирации за влез во Европа.
XS
SM
MD
LG