Достапни линкови

Самит ЕУ-Западен Балкан, што да се очекува?


Албанското и европското знаме се поставени пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, на 5 декември 2022 година.
Албанското и европското знаме се поставени пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, на 5 декември 2022 година.

Лидерите на ЕУ во Тирана денеска се на состанок со своите колеги од шесторката од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија).

Состанокот е значаен поради една причина: ова е првпат самит ЕУ-Западен Балкан да се одржува надвор од ЕУ. Европски дипломати велат дека има две неофицијални цели за самитот: одржување обединет фронт и избегнување какви било последици.

Сигурно имаше лоши преседани на тој фронт во изминатите 12 месеци. На последниот самит, во Брдо, Словенија, есента 2021 година, доминираа спорови за тоа дали конечната декларација треба да го содржи зборот „проширување“, бидејќи некои западни земји-членки на ЕУ во тоа време не сакаа да се заложат за проширување на клубот.

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Тоа не беше ништо во споредба со огорченоста по неформалната средба меѓу лидерите на ЕУ и Западен Балкан одржана во Брисел на 23 јуни.

И покрај тоа што беше историски ден за Украина и Молдавија, бидејќи лидерите на блокот ја признаа двојката како земји кандидати за ЕУ, Босна не го доби истото признание, а на Албанија и Северна Македонија уште еднаш им беше ускратена можноста да започнат преговори за пристап во ЕУ, бидејќи Бугарија сè уште има отворени билатерални прашања со Скопје.

Постојат индикации дека самитот во Тирана ќе помине малку поглатко. За почеток, тоа е само полудневен состанок, што едноставно значи помалку време за испади. И второ, дипломатите на ЕУ се надеваат дека партнерите од Западен Балкан ќе се усогласат нацрт-декларацијата бидејќи не премногу критична кон Западен Балкан.

Откако започна војната во Украина, скептиците за проширувањето, како што се Франција и Холандија, се загреаа на идејата дека земјите кои не се членки на ЕУ, а кои сакаат да се приклучат на блокот, сепак не е толку лош геополитички потег.

Во текот на летото, ќор-сокакот Бугарија-Северна Македонија беше отстранет и сега, пред самитот, нацрт-декларацијата на која работеа европските претставници самоуверено прокламира дека „ЕУ ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство во Европската унија на Западен Балкан и повикува на забрзување на пристапниот процес“.

Зборот „проширување“ се појавува постојано во оваа нацрт-декларација. Големото е континуираното одбивање на Србија да се усогласи со која било од санкциите на ЕУ кон Русија. Досега тоа имаше малку последици за Белград, а во декларацијата не се ни издвојува земјата во овој поглед.

Ескобар: Владата на Северна Македонија е добар партнер во спроведувањето на ЕУ агендата

Ќе има и некои „испораки“ во Тирана. Ќе биде потпишана заедничка декларација на телекомуникациските оператори на ЕУ и Западен Балкан што треба да го отвори патот за првото намалување на трошоците за роаминг меѓу блокот и Западен Балкан во 2023 година, со цел целосно да се отстрани потоа.

Неодамнешниот пораст на мигрантите кои доаѓаат во ЕУ преку таканаречената западнобалканска рута предизвика загриженост во некои главни градови на ЕУ. Очекувајте ЕУ да ги повика нивните балкански партнери за повеќе напори за борба против шверцот и трговијата со луѓе во Тирана.

ЕУ неодамна вети 40 милиони евра за зајакнување на граничното управување во регионот и уште 30 милиони евра ќе бидат објавени за помош во истрагите и гонењето во врска со шверцот и трговијата со луѓе.

Некои од покомплексните прашања ќе бидат решени подоцна во

декември. Еден од нив е дали на Босна ќе и се додели статус кандидат за ЕУ оваа година. Сите индикации велат дека земјите-членки на ЕУ ќе се согласат на ова кога нивните министри за Европа ќе се сретнат во Брисел на 13 декември, но сегашниот нацрт-заклучоци на Европскиот совет за проширувањето, што ги виде РСЕ, засега не го спомнува тоа.

Европските дипломати, кои сакаа да останат анонимни веруваат дека Босна ќе добие кандидатски статус, но со услови -- сличен договор доделен на Украина и Молдавија летото. Лидерите на ЕУ можеби ќе ја донесат одлуката на самитот на ЕУ неколку дена подоцна (15-16 декември).

На крајот, европските министри можеби нема да се согласат за заклучоците од проширувањето. Тоа се случувало и претходно, а има индиции дека може да се повтори. Останува да се реши само правилната формулација за Босна.

Бугарија сака да изврши притисок за посилен јазик за Северна Македонија за да го притисне Скопје да ги исполни билатералните договори, додека некои источни земји-членки сакаат поамбициозен текст за Украина.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG