Достапни линкови

Мерките ќе олабавуваат, оро сè уште не може да се игра


Жители на Гевгелија играат оро за Велигден за време на полициски час

Граѓаните добиваат уште три часа за да ги завршат своите обврски или да прошетаат, но ќе мора да носат заштитни маски кога влегуваат во затворени простории или кога нема да може да држат растојание од другите луѓе. Играорците од полицискиот час во Гевгелија заработија казни.

Полицискиот час од денеска почнува од 19 наместо од 16 часот, децата и пензионерите ќе имаат дополнителни два часа за излегување од дома, но сите граѓани ќе мора да носат маски или некако да ги покриваат устата и носот кога одат во затворен простор, а и на отворен, ако не може да се одржува растојание од 2 метри од другите луѓе, најави премиерот Оливер Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се работи за олабавување, туку за зајакнување на превентивните мерки.

За едни, олабавувањето на мерките значи и поголема можност за ширење на заразата и бараат уште построги ограничувања, други, пак, сметаат дека мерките се престроги. Кој ги почитувал едните мерки, ќе ги почитува и другите, тој што не почитува, и онака му е сеедно, коментираат дел од граѓаните.

На некои, пак, им се допаѓаа раатот.

Дел од граѓаните излегоа со креативни предлози за да ги натераат другите луѓе да држат растојание од нив.

Други, пак, бараат начини да ги прилагодат маските на нивните потреби.

Некои се шегуваат дека и во Хрватска ќе има олабавување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Трети, пак, се подготвуваат за славје за продолжувањето на слободното движење.

Сепак, и покрај благото олабавување на мерките, нема да може да се игра оро, како што правеа гевгеличани на Велигден за време на полицискиот час. Дури и кога нема полициски час, забрането е групирање на луѓе и треба да се држи растојание од 2 метри.

Пандемијата со коронавирусот почна во декември во Кина, но се прошири во целиот свет. Досега се заболени над 2,6 милиони луѓе, а над 180 илјади починаа. Во Македонија има 1259 заразени, а 56 луѓе досега починаа од болеста. Речиси сите земји во светот преземаат некакви мерки за спречување на ширењето на болеста.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG