Достапни линкови

Фејсбук: За вакцините само научни факти


Од „Фесбук“ велат дека „ќе бидат отфрлени какви било реклами во врска со дезинформации за вакцините и дека сите насоки ќе водат кон научно докажани факти за вакцините.

По неколкумесечни разговори со Светската здравствена организација (СЗО), компанијата „Фејсбук“ вети дека ќе ги насочи корисниците кон „точни и веродостојни информации за вакцините на повеќе јазици“, објавија светските новински агенции. Од СЗО ја поздравија одлуката на „Фејсбук“ да ги насочи корисниците на своите платформи, кои бараат информации за вакцинација, кон научно потврдени факти, а не кон дезинформации.

„Големите дигитални компании имаат одговорност пред своите корисници. Тие треба да обезбедат пристап до фактите за вакцините и здравјето. Дезинформацијата на вакцините е голема закана за глобалното здравје, што може да го врати деценискиот напредок во борбата против заразни болести“, стои во соопштението на СЗО.

Смртоносни заразни болести како што се сипаници, дифтерија, хепатитис, колера и жолта треска може да се спречат со вакцинација, додаваат од СЗО. СЗО проценува дека вакцинацијата спасува најмалку 2 милиони животи секоја година во светот.

Во официјалната изјава од „Фејсбук“, со која ги потврдува овие информации, се вели дека компанијата „почнува да бара дополнителни начини за поврзување на луѓето со релевантни информации за вакцините“.

Од компанијата додаваат и дека „ќе бидат отфрлени какви било реклами во врска со дезинформација за вакцините.

XS
SM
MD
LG