Достапни линкови

Училишта без девојчиња: Талибанците се плашат од образовани жени


Девојчиња во училиште за основно образование во Авганистан, единствената земја каде на девојчињата им е забрането да одат во средно училиште - Кабул, 25 март 2023
Девојчиња во училиште за основно образование во Авганистан, единствената земја каде на девојчињата им е забрането да одат во средно училиште - Кабул, 25 март 2023

Оваа година имаше неколку знаци пред почетокот на академската година дека милитантите ќе ја поништат својата забрана за авганистанските тинејџерки да одат во училиште, но сепак тоа не се случи. Во декември, талибанците исто така го забранија и универзитетското образование за жените

Оваа недела во Авганистан започна новата учебна година, но на девојчињата над шесто одделение сè уште им е забрането да одат на часови.

Минатата година, талибанците направија пресврт во последен момент, откако со месеци ветуваа дека ќе им дозволат на тинејџерките да одат на училиште. Оваа година имаше неколку знаци пред почетокот на академската година дека милитантите ќе ја поништат својата забрана, но сепак тоа не се случи. Во декември, талибанците исто така го забранија универзитетското образование за жените.

Aвганистанка ги нападна Талибанците со контроверзната песна „Групен секс“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

„Талибанците стравуваат од образовани жени“

Групите за човекови права и женските авганистански активистки оваа недела ја осудија забраната на Талибанците. Во соопштението на 21 март, УНИЦЕФ рече дека „неоправданата одлука на милитантната група ги уништи надежите и соништата на повеќе од 1 милион девојчиња“.

Поранешната авганистанска пратеничка Шукрија Баракзаи изјави за Радио Азади дека забраната е олицетворение на тоа како Талибанците го гледаат светот, односно како што вели, тие стравуваат од образовани жени.


Авганистан е единствената земја во светот каде на девојчињата им е забрането да одат во средно училиште.

Талибанските ограничувања за образованието на девојчињата, како и нивните строги ограничувања на правото на жените на работа и слободата на движење им сигнализираа на Авганистанците и на меѓународната заедница дека милитантната група е склона да го обнови својот брутален режим од 1990-тите.

Но, се чини дека драконската политика на талибанците врз девојчињата и жените имала контраефект. Ограничувањата се сметаат за една од причините зошто тврдокорната исламистичка група допрва треба да добие меѓународно признание и домашен легитимитет.

И муслиманските земји и свештеници ги критикуваат талибанците

Забраната за образование дури ги поткопа религиозните ингеренции на Талибанците. Групата беше под силни критики од муслиманските земји и исламските свештеници, кои ги повикаа талибанците да ја укинат забраната.

Долгорочно, забраната за образование која ја воведоа Талибанците веројатно ќе има разорно социјално и економско влијание.

Во август, УНИЦЕФ процени дека оваа забрана се претвори во загуба од најмалку 500 милиони долари за авганистанската економија во последната една година.

Повици за санкции

Со одбивањето на Талибанците да ја поништат својата забрана, некои Авганистанци ја повикаа меѓународната заедница да воведе дополнителни санкции против талибанската влада.

„Санкциите против талибанските лидери одговорни за овие забрани ќе ги натераат да ги поништат таквите политики“, изјави за Радио Азади Шинкаи Карохаил, поранешен авганистански пратеник.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG