Достапни линкови

Трамп го менува шефот на американското разузнавање


Американскиот претседател Доналд Трамп го замени директорот на националното разузнавање Дан Коутс чии изјави за руските закани по американската безбедност често беа во спротивност со оние на претседателот. На негово место Трамп го номинира Џон Ратклиф. Тој ќе ги координира сите 17 американски разузнавачки агенции.

Претседателот Трамп на Твитер му заблагодари на Дан Коутс кој на 15 август треба да ја напушти функцијата на која беше две години кои беа одбележани со несогласувања со Трамп.

Трамп номинира нов шеф на разузнавањето на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Коутс дури им откри на обвинителите дека Трамп му побарал јавно да негира каква било врска меѓу Русија и неговиот изборен штаб за време на американските претседателски избори.

Тоа предизвика подлабоки поделби меѓу претседателот и владините разузнавачки агенции.

Трамп е скептичен во врска со американската разузнавачката заедница откако таа заклучи дека Русија се вмешала во претседателските избори во 2016 година со цел тој да биде избран.

Јавните, а понекогаш и личните несогласувања на Коутс со Трамп околу политиката и разузнавањето не беа ограничени само на руското мешање во изборите, туку и околу нуклеарните капацитети на Северна Кореја.

Во јануари, Коутс изјави во Конгресот дека е малку веројатно Северна Кореја да се откаже од нејзиното нуклеарно оружје, спротивставувајќи и се на изјавата на Трамп дека Пјонгјанг повеќе не претставува закана.

Коутс, исто така, им рече на конгресмените дека Иран продолжил да се придржува кон нуклеарниот договор што Трамп го напушти.

Следниот ден Трамп на Твитер се жалеше на „пасивни и наивни“ американски разузнавачки лидери, што укажува дека „треба да се вратат на училиште.“

Поранешениот републикански сенатор од Индијана, Коутс беше назначен за директор на Националната разузнавачка служба во март 2017 година, станувајќи петто лице на оваа функција, воспоставена по терористичките напади на 11 септември 2001 година за надгледување и координирање на 17-те разузнавачки агенции.

Трамп соопшти дека на местото на Коутс ќе го номинира Џон Ратклиф, републиканец од Тексас.

Ратклиф, кој е член на Комитетите на Претставничкиот дом за разузнавачките служби и за правосудството силно го бранеше Трамп во средата на сведочењето на поранешниот специјален советник Роберт Мулер за неговата двегодишна истрага за руските изборни активности.

Шансите за потврда на неговата кандидтура во Сенатот засега не се јасни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG