Достапни линкови

Србите на југот на Косово го прашуваат Белград: Кој ќе се грижи за нас?


Етнички Срби на скалите на канцеларијата на српската самоуправа во Вербоц
Етнички Срби на скалите на канцеларијата на српската самоуправа во Вербоц

Србите на југот на Косово се револтирани откако Белград во минатата недела вети финансиска поддршка за Србите кои ги напуштија своите работни места во спорот со регистарските таблички на северот на Косово. Сандра Цвековиќ и Бујар Трстена

Скоро секој ден веќе девет месеци, очајни жители на Вербоц, или Врбовац стојат пред канцеларијата на српската самоуправа во југоисточното Косово барајќи работа за нив или за нивните возрасни деца.

Нивниот протест опстојува и покрај наводните закани и други притисоци што некои од нив велат дека доаѓаат од идеолошки управуваните Срби кои се спротивставуваат на соработката со властите на Косово во каква било форма и кои се здружени со Белград.

Како и Србите на северот на Косово, така и овие луѓе ја сметаат Србија за нивна татковина и покрај декларацијата за независност на Косово пред 14 години и неговото признавање од повеќе од 100 земји.

Тие се револтирани откако Белград во минатата недела вети финансиска поддршка за Србите кои ги напуштија своите работни места во спорот со регистарските таблички на северот на Косово.

„Паралелен систем“

Канцеларијата за Косово и Метохија, српската владина институција која го надгледува „паралелниот систем“ на политички и социјални придобивки за малцинските Срби на Косово, на 17 ноември соопшти дека потпишуа договори за плаќање на 3.500 луѓе во четири општини на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ им додели орден на полицајците од северот на Косово кои одбија да ја спроведат одлуката на владата на Приштина за пререгистрација на табличките на автомобилите.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им додели орден на полицајците од северот на Косово кои одбија да ја спроведат одлуката на владата на Приштина за пререгистрација на табличките на автомобилите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ кој им даде медал на полицискиот командант и на други полицајци кои ги водеа масовните оставки во Северна Митровица рече дека „грижата“ на дезертерите ќе ги чини српските даночни обврзници до 60 милиони евра.

„Лесно е да се биде патриот со полни џебови“, вели Билjана Маринковиќ, како алузија на извештаите дека многу српски политичари во северно Косово се платени од српските институции.

„Да се биде патриот без никакви приходи, тоа е патриотизам за мене, а не со 2.000 евра месечно, додека другите луѓе не можат да преживеат ниту еден месец“, вели Маринковиќ.

„Никој не не гледа или не слуша“

Сопругот на Маринковиќ заработува околу 300 евра месечно работејќи за општината Клокот, еден од шесте региони со српски мнозинство јужно од реката Ибар.

Билјана Маринковиќ
Билјана Маринковиќ

На меѓународно ниво и во очите на локалното население како Маринковиќ, јужните области добиваат многу помалку внимание од четирите гранични региони каде се случија повеќето од оставките во овој месец.

Таа вели дека етничките Срби во северниот дел на Косово се наградени за напуштање на институциите на Косово, додека сите ги игнорираат „повиците и молитвите на демонстрантите на Вербок“, иако се обратија до канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија и кабинетот на српскиот претседател.

Германскиот амбасадор во Косово: Бесмислено е влошување на ситуацијата поради табличките

Тензиите во близина на границата на северот на Косово се зголемија оваа година околу регистрацијата на автомобилите што е резултат на стратегијата на косовскиот премиер Албин Курти за „реципрочни мерки“ за казнување на Србија за континуирано одбивање да ја признае независноста на Косово, вклучително и со отфрлање на косовската документација.

Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ
Косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ

Синоќа Косово и Србија постигнаа договор да се стави крај на долготрајниот спор околу регистарските таблички на автомобили во северно Косово, кои предизвикаа загриженост дека може да го разгори етничкото насилство.

Повеќето етнички Срби јужно од реката Ибар престанаа да користат српски регистарски таблички пред една деценија. Тие сега гледаат како Белград им дава медали и плати на нивните етнички колеги на северот кои се повлекоа да протестираат против регистарските таблички.

„Тие прават да изгледаме како лош пример“

Според нив, тие се обвинети од другите Срби дека ги почитуваат законите и регулативите на Косово.

„Тие прават да изгледаме како лош пример, како опозицијата, како да работиме за странска разузнавачка служба, како платеници“, вели 28-годишниот Ранко Москиќ.

Ранко Москиќ
Ранко Москиќ

Овој таткото на 5-годишна ќерка, во моментов прима социјална помош што изнесува околу 180 евра месечно. „Ако работевме за разузнавачка служба, немаше да бидеме тука да протестираме. Немаме друг начин освен да бидеме тука“, вели Москиќ.

Паралелниот систем главно го управува Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија, координативно тело со широки власти кои вклучуваат одбрана на правата на Србите и одржување на длабоки врски со политичките и непрофитните групи во Косово.

Привремените општински власти се општини финансирани од буџетот на Србија, а Косово ги смета за нелегални.

Во меѓувреме, здружението на српски општини исто така игра клучна улога во паралелниот систем и во односите меѓу Србите во Косово и Белград.

Планирано со седиште во Северна Митровица, здружението беше принципиелно договорено во разговорите со посредство на ЕУ пред скоро една деценија и беше поставено во договорот за Брисел во 2013 година, кој имаше за цел на крајот да ги нормализира односите меѓу Србија и нејзината поранешна провинција.

Многу од вработените во паралелните системи се исто така лидери на моќната Српска листа, доминантна српска партија на Косово, која ужива во поддршката на владејачката Српска прогресивна партија на претседателот Вучиќ.

Нивните критичарите се жалат дека поддржувачите на Српската листа уживаат и дополнителни привилегии. И двајцата од возрасните синови Раде Ѓуриќ го напуштија Косово.

Српските пратеници положија заклетва во косовското Собрание

„Тука нема вработување за мојот син“, вели тој, потенцирајќи го очајот што создаде децениска демографска криза на Косово и Балканот, бидејќи младите бараат можност во странство.

„Тој заврши училиште и нема работа, додека во некои семејства три или четири членови на семејството се вработени во образованието, здравствената заштита, овде во општината“, додава Ѓуриќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG