Достапни линкови

Специјализација за градоначалник на Медицинскиот факултет


Протест на лекари и медицински персонал поради насилството врз нив

Со толку доктори на кандидатските листи за локалните избори, на Медицинскиот факултет треба да се отвори Катедра за градоначалник. По изборите во општинските згради ќе може да се отворат и мини-поликлиники, се шегуваат познати доктори на социјалните мрежи.

Стотици лекари се најдоа на кандидатските листи за градоначалник и за советници на локалните избори што треба да се одржат в недела. Од лекарите сега се бара иљач и за комуналните проблеми. Логиката е дека тој што знае да вгради стент, веројатно знае и да направи атмосферска канализација.

Детскиот хирург Владимир Чадиковски на Твитер се шегува дека на Медицинскиот факултет треба да се отвори и Катедра за градоначалник.

Токсикологот Нико Беќаровски, пак, вели дека со толку доктори на советничките листи ќе може да се отворат мини општински поликлиники.

Други, пак, велат дека не е проблем што на кандидатските листи има толку доктори, туку што има толку „пациенти“.

Ако трендот продолжи и во наредните изборни циклуси, Македонија може да остане без доктори, кои и онака не се вишок.

Други велат дека токму поради влез во политиката, голем дел од помалите градови останаа без специјалисти.

Трети, пак, прашуваат дали кандидираните биле добри лекари. Велат, ако не биле добри во матичната професија, можеби и навистина треба да одат во политика.

Четврти велат дека штом кандидираат толку лекари, сигурно Македонија има тешка дијагноза.

Некои прашуваат зошто докторите сакаат да спуштат „од коњ на магаре“, ако се има предвид дека лекарите уживаат многу поголем углед од политичарите.

Аналитичарите објаснуваат дека партиите на листите ставаат лекари за да го искористат нивниот углед меѓу граѓаните. Од друга страна, докторите прифаќаат да се кандидираат за политички функции затоа што бенефициите и парите што ги нуди политиката се многу поголеми отколку во здравството, а од друга страна се работи за интелектуалци кои сметаат дека можат повеќе да помогнат во организирањето на општините отколку во својата матична професија.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG