Достапни линкови

Скејтбоардинг натпревар во Скопје


Денеска и утре се одржува меѓународен скејтбоардинг натпревар, One More Try, на неколку локации низ Скопје. Натпреварот е отворен за скејтери од сите возрасти.

Програмата започнува денеска сабота од 15 часот на Кејот на реката Вардар, под Камениот мост. Тука ќе се одржи натпревар во категоријата „Cash4Tricks“. Висината на наградата ќе зависи од сложеноста, стилот и успешното слетување на трикот. Потоа, од 18 часот скејтерите ќе продолжат на новоотворениот полигон „Pump Track“ кај Олимписки базен, каде ќе се наградуваат најбрзите. Ќе се мери време, објаснуваат организаторите, а најбрзиот што ќе го сврти без да допре со нога на земја победува.

Во недела пак, се организра демо сесија од неколку мини игри на спортското игралиште на поранешната спортска сала „Партизан“ во Градскиот парк. Натпреварот ќе кулминира со уште еден „Cash4Tricks” натпревар кај споменикот Гоце Делчев во Градскиот Парк. Скејтерите ќе прескокнуваат голема пречка и на која ќе ги пробаат најтешките трикови.

„Ветуваме дека ќе се потрудиме да бидеме сите задоволни, и тие што доаѓаат од далеку да не се вратат со празни џепови, а и нашите локалци да бидат во добра состојба“, пишуваат организаторите.

XS
SM
MD
LG