Достапни линкови

Се бори ли македонско-бугарски баталјон во Украина?


Таканаречениот македонско-бугарски странски баталјон. Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков изјави дека фотографиите на групата на Фејсбук, кои вклучуваат изработена верзија на горната слика, се лажни.
Таканаречениот македонско-бугарски странски баталјон. Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков изјави дека фотографиите на групата на Фејсбук, кои вклучуваат изработена верзија на горната слика, се лажни.

Страница на социјалните мрежи се тврди дека Бугари и „Македонци со бугарска самосвест“ се борат во заеднички баталјон како доброволци од страна на Украина. Ова е приказна за тоа колку е лесно да се креираат лажни вести и колку брзо „алтернативните факти“ оживуваат. Дамјана Велева

Звучи егзотично: Бугари и Македонци со бугарска самосвест се борат рамо до рамо во Украина. Нивната цел: да ѝ помогнат на украинската армија да ја одбие руската воена агресија. Или така пишува на нивната Фејсбук страница. Во средината на март, на социјалната мрежа се појави информација за македонско-бугарски баталјон кој собира доброволци кои сакаат да им се придружат на странските сили за поддршка на Украина.

На фотографиите, објавени на Фејсбук, се гледаат добро вооружени мажи во маскирна облека како го веат бугарското знаме, изведуваат „вежби со дрон“ или одмараат по „успешна извидничка мисија“.

Неколку недели подоцна, пак, министерот за одбрана Драгомир Заков објави дека фотографиите од наводните воени вежби на бугарска територија се всушност лажни, а целта на публикациите е да се создаде тензија во општеството.

Сепак, од зборовите на Заков не беше јасно дали таков баталјон дејствува на територијата на Украина, туку само дека фотографиите се лажни. Така, подоцна во некои бугарски медиуми се појавија написи и интервјуа, во кои анонимни „припадници на воената група“ зборуваат за својата мисија и повикуваат на донации.

Се бори ли македонско-бугарски баталјон во Украина? Радио Слободна Европа ги провери фактите.

„Група патриоти“

Засега нема официјални информации ниту од бугарските ниту од украинските институции за бројот на Бугарите кои се борат во војната во Украина.

Според извори со кои разговараше Радио Слободна Европа (РСЕ), меѓу 10 и 100 бугарски државјани ѝ се приклучиле на Легијата на странците. Сепак, овие податоци не можат да се потврдат.

Фејсбук страницата на Македонско-бугарскиот баталјон за странци Тодор Александров во Украина беше формирана во средината на март. Притоа се наведува дека баталјонот е „збир на патриоти од Република Бугарија и Република Македонија, подготвени да ја бранат слободата и светскиот мир“.

Според текстот на фотографија од крајот на март, групата е во Украина. Повеќето објави на страницата се двојазични - и на бугарски и на македонски, а сликата на профилот е црвено-црна - боите на историската Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО).

Русија протерува непознат број бугарски дипломати

Одговарајќи на прашања од РСЕ на Фејсбук, администраторите на страницата велат дека баталјонот има околу 80 војници кои досега служеле во западните армии, вклучително и „Бугари, македонски Бугари и етнички Бугари од Украина“.

Тие во своите изданија ги повикуваат сите оние кои имаат „воено искуство“ да им се придружат, а исто така опишуваат што им е потребно во случај некој да има можност да помогне со донација - шлемови, панцири, ноќен и термички алат за гледање, дронови и други.

Според официјалното соопштение на министерот за одбрана Драгомир Заков, овие објави се за „заведување и манипулирање со јавното мислење, како и генерирање дополнителна тензија“.

Министерот за одбрана на Бугарија Драгомир Заков
Министерот за одбрана на Бугарија Драгомир Заков

„Фотографиите објавени на Фејсбук страницата на македонско-бугарскиот странски баталјон Тодор Александров се лажни“, рече Заков како одговор на пратеничко прашање уште во април.

„Главната фотографија е обработена фотографија на наводни доброволци од Белорусија, бидејќи знамето од оригиналната рамка беше отстрането и беше додадено бугарското. Изманипулирани се и фотографиите кои покажуваат наводна обука на наша територија“, додаде тој.

Но, тој не даде дефинитивно објаснување дали само фотографиите на страницата се лажни или целиот баталјон е измислица. Заков не коментираше кој стои зад фалсификатот.

Така, во последните неколку недели написи за „Македонско-бугарскиот баталјон“ се појавија во изданија како „168 часа“, „Телеграф“, „БЛИЦ“, а неговата Фејсбук страница не беше преземена и продолжува да објавува нови материјали.

Од каде се фотографиите?

РСЕ направи своја проверка на фотографиите објавени од групата на социјалните мрежи. Таа покажа дека речиси сите слики се стари, преземени од други сајтови или странски објави на социјалните мрежи. Еве неколку примери.

Пребарувањето на Google со помош на опцијата за пребарување слики потврдува дека на фотографијата што ја спомна Драгомир Заков всушност не се прикажани бугарски или македонски доброволци, туку белоруски. „Добро вечер, во Украина сме! Поздрав од нас и нашите грузиски и украински браќа!“, стои во текстот на обработената фотографија објавена на 24 март.

Објава на Фејсбук на наводниот македонско-бугарски баталјон во Украина.
Објава на Фејсбук на наводниот македонско-бугарски баталјон во Украина.

Оригиналната фотографија го прикажува знамето на Белорусија и знамето на анархистичка група. Сликата беше објавена на каналот Телеграм на белоруски волонтер на 23 март, еден ден пред да се појави на веб-страницата на Македонско-бугарскиот баталјон.

Друга фотографија, објавена на 16 мај, покажува борци од Украинскиот волонтерски корпус на националистичкиот Десен сектор како се заколнуваат на верност на украинскиот народ за да се приклучат на украинската армија. Оригиналната снимка е направена најмалку два дена пред да биде додадена на страницата на „Македонско-бугарски баталјон“.


За одбележување е тоа што администраторите на страницата го искористија совпаѓањето во боите на знамињата на „Десен сектор“ и на историската ВМРО - и двете двобојни во црвена и црна боја.

На веб-страницата на Македонско-бугарскиот баталјон се користат и слики кои немаат никаква врска со војната во Украина. Фотографии од дронови, на пример, за кои страницата на 19 март тврди дека биле испратени од донатор, може да се најдат на различни страници на кои се продава таква опрема.

Фотографиите од 18 март од бугарски и македонски пасош наредени една до друга се појавија во неколку написи во македонските медиуми во 2020 и 2021 година.

Друга фотографија, објавена на 25 март, покажува човек во воена униформа и риги со украинското и бугарското знаме. Тоа се совпаѓа со сликите објавени на Фејсбук профилот на Иван Белишки на 15 март, со неговото лице скриено во профилот на баталјонот.


Дали е тоа случајност?

Радио Слободна Европа контактираше со воени експерти за да побара нивна проценка за спорната страница на Фејсбук. Според нив, случајноста на користените фотографии не е случајна. На ист став е и Краси Панчев, кој веќе 14 години работи како изведувач во приватна воена компанија.

Во март, Панчев и другите колеги се идентификуваа на фотографија објавена на страницата Македонско-бугарски баталјон Тодор Александров во Украина. Сликата е искористена без нивна дозвола и не е направена во Украина, иако текстот точно го наведува тоа.

Според Панчев, по сопствената внатрешна истрага, луѓето од договорната заедница откриле дека зад страницата на Фејсбук стои 22-годишниот Иван Белишки, чија фотографија со скриено лице беше објавена кон крајот на март.


Белишки е син на градоначалникот на Панаѓуриште Никола Белишки и има неколку апсења и обвиненија, вклучително и за нелегална трговија со антиквитети.

Синот на Белишки беше човекот кој пред неколку месеци запали руско знаме на протестот во знак на солидарност со Украина. „Ова е некаков негов изум“, вели Панчев за т.н „Македонско-бугарски баталјон“, додавајќи: „Нема апсолутно ништо такво, не постои“.

Според Панчев, откако тој и неговите колеги дошле до фотографијата, контактирале со Иван Белишки и побарале таа да биде отстранета од страницата. Последователно таа беше отстранета.

Според Панчев, тој самиот нема информации дали во креирањето на страницата се вмешани и други лица, но тоа што откако го контактирал Белишки, фотографијата исчезнува, јасно покажува дека некако учествувал во заблудата.

Заклучок: Во Украина нема македонско-бугарски баталјон

Слободна Европа го контактираше и Иван Белишки, кој рече дека верува оти таков баталјон не постои, но негираше дека тој самиот стои зад фалсификат. „Немам апсолутно никаква врска со тоа“, рече Белишки, додавајќи: „Таквите обвинувања за мене не се сериозни и би сакал, доколку некој тврди, да биде цитиран за да можам да го изведам пред лицето на правдата“.

САД одобрија продажба на осум борбени авиони Ф-16 на Бугарија

РСЕ го праша Министерството за одбрана дали има информации за тоа кој стои зад лажната Фејсбук страница, но оттаму одговорија дека не можат да споделат повеќе од она што е веќе кажано во одговорот на министерот Заков до Собранието.

Дефинитивен заклучок е дека во Украина нема „македонско-бугарски баталјон“. Сепак, целта на фалсификувањето останува нејасна. Според министерот за одбрана пред парламентот во април, таа има за цел да создаде тензија во општеството и да шири дезинформации.

Во моментов не постои државна институција која прима или проверува сигнали за погрешни информации на социјалните мрежи. Ваква единица во иднина ќе работи во Министерството за електронска влада (МЕУ), но се очекува да има само аналитички функции.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG