Достапни линкови

„Светлина“ - Тинејџерски реалности на филмско платно


Седумнаесет годишната Хана забременува од својот сакан, италијанецот Емануеле. Нејзината приказна е тема на филмот „Светлина“ во режија на 17 годишниот Мартин Чичовски. Содржината на филмот не е базирана според вистинска приказна, но е вистинска слика за тинејџерскиот живот денес, забавата, непромислените одлуки, љубовните врски и пријателството. „Светлина“ денеска ќе се дава во Кино Култура.

Чичовски, заедно со група тинејџери, минатата година изработија долгометражен филм насловен „Ема“. Филмот раскажува приказна на млада девојка која се бори со зависности. „Ема“ се најде на репертоарот на Синеплекс и стана познат меѓу младите.

„Ема“ раскажува приказна за млада девојка која се бори со зависности, а „Светлина“ за бремена малолетна девојка. Колку овие приказни се реалност за младите во државава?

„Постојат доста проблеми со кои младите се соочуваат за кои не се зборува. „Ема” и „Светлина” ги напишав со намера да ја прикажам таа реалност, но и да им помогнам на младите да најдат решение. Со филмовите сакам и да ги мотивирам сите кои стравуваат да креираат нешто свое, верувам дека има многу млади ентузијасти кои сакаат да се бават со филм, глума, уметност... потребно е само некој да ги поттикне.“

Зошто те привлекува филмската режија и монтажа?

„Преку филмот можам да раскажувам приказни, да пренесувам емоции. Фактот што на свој начин можам да ги склопам снимките во монтажа, од своја перспектива можам да ја раскажам приказната, и тоа не ми го заменил за ништо. Едноставно не се гледам под друго светло.“

Што мислиш за македонската филмска индустрија? Во која насока мислиш дека треба да се развива?

„Сметам дека македонската филмска индустрија се развива во права насока. Секој македонски филм кој излезе оваа година, не само што доби рекордна бројка на гледаност во кино салите, но и награди на разни фестивали ширум светот. Имаме фасцинантни домашни режисери и писатели, потребно е само да бидат поддржани.“

Дали мислиш дека нашето општество инспирира комедија или драма?

„Сметам дека нашето општество не испирира ниту комедија, ниту драма, едноставно една сатира.“

XS
SM
MD
LG